Прејди на содржината

Хастати

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хастати (латински: Hastati, еднина: Hastatus) биле класа на пешадија вработена во армиите на раната Римска Република кои првично се бореле со копје, а подоцна и како мечувалци. Овие војници биле главната единица откако Рим го отфрлил етрурското владеење. Тие првично биле некои од најсиромашните луѓе во легијата и можеле да си дозволат само скромна опрема. Сенатот ги снабдувал војниците со само краток убоден меч, гладиус, и со нивниот карактеристичен квадратен штит, скутум. Хастатите обично биле опремени со оваа опрема, и со едно или две меки железни копја за фрлање наречени пилум. Со оваа опрема се удвојувала нивната ефикасност, не само како силна водечка трупа на нивниот манипул, туку и како самостојна трупа. Подоцна, во хастатите се вклучувале и помлади мажи а не само сиромашни, иако повеќето млади биле релативно сиромашни. Нивната вообичаена позиција била во првата борбена линија. Тие се бореле во формација на квинкунс, поддржани од полесна пешадија. На непријателот му дозволувале да навлезе во првата борбена линија која се состоела од хастати, по што непријателот ќе налетал на поцврстите војници, принкипес. Тие на крајот биле распуштени по Маријанските реформи од 107 година п.н.е.

Историја и распоредување

[уреди | уреди извор]

Се чини дека хастатите биле остатоци од старата трета класа на војската на етрурските кралеви која била реформирана од Марк Фуриј Камил.[1] Третата класа стоела во последните неколку редови на многу голема фаланга иако често биле опремени на сличен начин како хастатите, иако тие почесто биле поддршка на повисоките класи наместо да се борат сами. По борби со Самнитите и Брен, водач на Галите, кои користеле многу помали воени единици, Римјаните ја сфатиле важноста на флексибилноста на војската која што на фалангата ѝ недостасувало.[2][3]

Камилански систем

[уреди | уреди извор]

До 4 век п.н.е. војската што ја наследиле Римјаните од Етрурците сè уште била користена. Иако ефикасноста на војската била сомнителна, таа се покажала делотворна против локалните противници на Рим. Кога Галите ја нападнале Етрурија во 390 година п.н.е., жителите побарале помош од Рим. Малата трупа пратена од Рим по одбивање на галските напаѓачи предизвикала целосен напад врз Рим. Целокупната римска војска била уништена во Битката кај Алија во огромниот пораз што ги предизвикало реформите од Марк Фуриј Камил.[4] Според новиот систем, мажите биле подредени во класи засновани на богатство; хастатите биле трети најсиромашни, со тоа што рорариите биле малку посиромашни, а принкипите биле малку побогати.[5] Хастатите биле вооружени со кратки копја односно хаста, до 1,8 метри долги, според кој војниците го стекнале своето име.[6] Тие се бореле во квинкунс формација, обично носеле скутум, голем правоаголен штит, и носеле бронзени шлемови, често со голем број на пердуви закачени на врвот. Тие носеле лесен оклоп, а најчеста форма биле мали штитници на градите, наречени „штитници на срцето“.

Во овој тип на легија, 900-те хастати формирале 15 манипули, воени единици од по 60 мажи. Секоја манипула имала околу 20 лесно наоружана пешадија.[7] Хастатите стоеле во првата борбена линија, пред принкипите кои биле на втората линија и триариите кои биле на третата.[5] Во договорени битки, лесната пешадија стоела пред легијата и го напаѓале непријателот со своите копја за фрлање со што го прикривале напредувањето на хастатите. Доколку хастатите не успееле да го скршат непријателот за време на нивниот напад, тие ќе отстапеле назад и ќе ги оставеле потешките прикнипес да го преземат нападот. Ако прикнипите не можеле да ги разбијат непријателот, тие ќе се повлекувале зад триариите, кои со тоа влегувале во борба. Еквитес, коњаниците, биле користени на крилата ги гонеле непријателите. Рорариите и акцензите во последната борбена линија биле едни од последните трупи што напаѓале, и биле користени како поддршка, обезбедувајќи и зајакнувајќи ги областите на линијата што војската ги губи.[4]

Полибијанскиот систем

[уреди | уреди извор]

До времето на Пунските војни во 3 век п.н.е., се покажало дека Камиланскиот систем не бил ефикасен. Според новиот полибијански систем, пешадијата биле подредени во класи според возраста и искуството, а не по богатството, а хастатите биле најмлади и најмалку искусни.[8] Нивната опрема и улога биле многу слични како и во претходниот систем, освен што сега носеле мечеви односно гладиуси, наместо копја. Секој војник од хастатите носел и две копја за фрлање, пилум. Само со тежината се попречувал секој погоден штит (честопати го пробивал и штитот со што би се погодил човекот кој го користел), а железото било доволно тврдо што пилумот често се користел како рачно копје и против пешадијата и коњаницата. Во моментот кога копјата ќе стигнеле до непријателската линија (обично оддалечена само околу 14 м. за најдобар ефект), легионерите тргнувале во напад со мечевите. Ретко имало време непријателот да го најде копјето, да го извлече, и да го фрли назад.[9]

Хастатите бројно се зголемиле до 1.200 по легија и формирале 10 манипули од по 120 мажи.[10] Рорариите и акцензите биле распуштени. Левес биле заменети со велитес, кои имале слична улога, но сега биле приклучени кон принкипите и триариите. Договорените битки се воделе на сличен начин; велитите се собирале напред и фрлале копја за да го прикријат напредувањето на хастатите.[11]

Овој редослед на битка се следел скоро секогаш, освен при Битката кај Големите рамнини и Битката кај Зама. Кај Големите рамнини, Скипион, римскиот генерал, ги поставил своите војници на вообичаен начин, но откако хастатите влегле во борба со непријателот, тој ги користел своите принкипес и триарии како придружна сила, по што картагинските трупи почнале да бегаат.[12][13]

Кај Зама, Скипион ги распоредил своите војници во колони, едни до други со голем простор меѓу нив. Противните картагински слонови биле вовлечени во овие празни простори каде многу од нив биле убиени од велитите без да им нанесат многу жртви на Римјаните. Откако преживеаните слонови почнале да бегаат, Скипио ги поставил своите војници во долга линија со тоа што неговите триарии и принкипес биле во центарот а хастатите биле на страните, подготвени да влезат во борба со картагинската пешадија.[13]

Маријански реформи

[уреди | уреди извор]

Со формалните воени реформи на Гај Мариј во 107 година п.н.е., наменети за да се справат со намалената работна сила поради војните против Југурта, кралот на Нумидија во Северна Африка и германските племиња на север, различните класи на единици биле распуштени во целост.[14] Барањата за богатство и возраст биле укинати. Наместо тоа, било утврдено дека војниците професионално ќе се приклучат на легијата, наместо како услуга на градот, и сите ќе бидат опремени како тешка пешадија со истата опрема купена од страна на државата. Помошните војници, односно локалната нерегуларна војска, имале други улоги, односно служеле како стрелци и коњаница.[15]

  1. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 89. ISBN 0-19-532878-7.
  2. Penrose, Jane (2005). Rome and Her Enemies: An Empire Created and Destroyed by War. Osprey Publishing. стр. 29. ISBN 1-84176-932-0.
  3. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 88. ISBN 0-19-532878-7.
  4. 4,0 4,1 Mommsen, Theodor (1895). The History of Rome, Book II: From the Abolition of the Monarchy in Rome to the Union of Italy. The History of Rome. Scribner. ISBN 0-415-14953-3.
  5. 5,0 5,1 Smith, William (1875). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 495. ISBN 0-89341-166-3.
  6. Smith, William (1875). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 172. ISBN 0-89341-166-3.
  7. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 90. ISBN 0-19-532878-7.
  8. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 92. ISBN 0-19-532878-7.
  9. Goldsworthy, Adrian (2006). Caesar: Life of a Colossus. Yale University Press. ISBN 0-300-12048-6.
  10. Smith, William (1875). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 496. ISBN 0-89341-166-3.
  11. Penrose, Jane (2005). Rome and Her Enemies: An Empire Created and Destroyed by War. Osprey Publishing. стр. 33. ISBN 1-84176-932-0.
  12. Niebuhr, Barthold; Schmitz, Leonhard (1849). Lectures on the history of Rome Georg. Taylor, Walton, and Maberly. стр. 151.
  13. 13,0 13,1 Sekunda, Nick; McBride, Angus (1996). Republican Roman Army 200-104 BC. Osprey Publishing. стр. 20. ISBN 1-85532-598-5.
  14. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 94. ISBN 0-19-532878-7.
  15. Smith, William (1875). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 506. ISBN 0-89341-166-3.