Прејди на содржината

23 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

23 јуни — 174-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (175-ти во престапна година). Останува 191 ден до крајот на годината.

Настани:

1633  Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството.
1868  Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување.
1894  Во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен.
1958  Холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници.

Родени:

47 п.н.е.  Птоломеј XV Цезарион — последниот крал од Птоломејската династија.
1668  Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар.
1889  Ана Ахматова — руска и советска поетеса.
1899  Густав Крклец — хрватски писател.
1912  Алан Тјуринг — англиски математичар и пронаоѓач († 1954).
1915  Кузман Јосифовски - Питународен херој на Македонија.
1937  Марти Ахтисари — претседател на Финска.
1940  Вилма Рудолф — американска атлетичарка.
1941  Роберт Хантер — американски рок-музичар.
1955  Жан Тигана — француски фудбалер.
1955  Бранка Парлиќ — српска пијанистка.
1961  Ентоан Кар — американски кошаркар.
1961  Митар Суботиќ — југословенски и српски рок-музичар.
1965  Милош Бурсаќ — српски и југословенски фудбалер.
1972  Зинедин Зидан — француски фудбалер и тренер.
1981  Антони Коста — англиски пејач.
1986  Симон Шпилак — словенечки велосипедист.
1987  Нандо де Коло — француски кошаркар.
1998  Јосип Брекало — хрватски фудбалер.

Починале:

1806  Матирен Жак Брисон — француски природонаучник.
1836  Џејмс Мил — англиски филозоф, економист и политички теоретичар.
1913  Георги Мончев — македонски револуционер.
1946  Вилијам С. Харт — американски глумец.
1995  Џонас Едвард Салк — американски микробиолог.
2007  Павле Угринов — српски писател, режисер и академик.