Прејди на содржината

Hidden Treasures

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 99 Ways to Die)
„Hidden Treasures“
мини албум од Мегадет
Издаден18 јули, 1995
Снимен1989-1994
ЖанрХеви метал, хард рок, треш метал
Траење29:06
Издавачка куќаКапитол
ПродуцентМакс Норман, Дејв Мастејн
Мегадет — Хронологија
Youthanasia
(1994)
Hidden Treasures
(1995)
Cryptic Writings
(1997)

Hidden Treasures е мини албум на хеви метал бендот Мегадет, издаден во 1995 г. Претставува колекција на сите нивни објавени синглови кои не се нашле на ниеден од студиските албуми. Песните „No More Mr. Nice Guy“, „Paranoid“ и „Problems“ се преработки од Алис Купер, Блек Сабат и Секс Пистолс редоследно, додека сите останати композиции се во авторство на членовите од Мегадет. Повеќето од овие нумери биле специјално снимени за потребите на холивудските филмови, чии режисери побарале од групата да напише музика.[1] Омотот на албумот е патна карта на централна Аризона, каде наместо имињата на градовите се наведени песните од дискот.

Список на песни

[уреди | уреди извор]
Оригинално издание
Бр. НасловТекстМузикаПрвично издание Траење
1. No More Mr. Nice Guy(во оригинална изведба на Алис Купер)Алис Купер, Мајкл БрусКупер, БрусШокер (1989) 3:02
2. „Breakpoint“  Дајв Мастејн, Дејвид Елефсон, Ник МензаМастејн, Елефсон, МензаСупер Марио (1993) 3:29
3. Go to Hell“  Мастејн, Марти Фридмен, Елефсон, МензаМастејн, Фридмен, Елефсон, МензаЛажното патување на Бил и Тед (1991) 4:36
4. Angry Again“  МастејнМастејнПоследниот акционен херој (1993) 3:47
5. 99 Ways to Die“  МастејнМастејнБивис и Батхед (1993) 3:58
6. Paranoid(во оригинална изведба на Блек Сабат)Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер, Бил ВордОзборн, Ајоми, Батлер, ВордNativity in Black (1994) 2:32
7. „Diadems“  МастејнМастејнВитезот демон (1995) 3:56
8. „Problems“ (во оригинална изведба на Секс Пистолс)Џони Ротен, Стив Џонс, Глен Матлок, Пол КукRotten, Jones, Matlock, CookA Tout le Monde (1994) 3:57
Вк. траење:
29:06
Бонус песни од 2007
Бр. Наслов Траење
9. „À Tout le Monde“   4:29
10. „Symphony of Destruction“ (демо) 5:29
11. „Architecture of Aggression“ (демо) 2:49
12. „New World Order“   3:47
  1. Критички осврт кон албумот Allmusic Review