Буковик (вулканска купа)
Буковик | |
---|---|
Поглед на Буковик од Влаина | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.723 м [1] |
Матичен врв | Орловец |
Координати | 41°46′52″N 22°56′12″E / 41.78111° СГШ; 22.93667° ИГД |
Величина | |
Површина | 8 км2 |
Географија | |
Регион | Пијанец, Источна Македонија |
Матичен венец | Влаина |
Буковик — вулканска купа сместена на 3 км североисточно од Пехчево, во состав на планината Влаина. Претставува единствена јасно изразена вулканска образба во тој дел од земјата. Има пречник од околу 3,5 км, а површина од 8 км2. Потекнува од горниот миоцен.[1] Месното население ја смета за посебна планина.[2]
Од јужната страна е длабоко пресечена со долината на Пехчевска Река, а од северната ја сече изворишниот дел на Желевица. Истакнатоста на купата (во однос на околниот предел) изнесува 600-700 м, а највисок врв е Орловец (1.723 м)[1]. На исток од овој врв, преку благо седло, Буковик се поврзува со билото на планината Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1.932 м).
Состав и облик
[уреди | уреди извор]Купата е сочинета од кварцлатити, но не се забележува јасна кратерска структура, но присутни се траги од лавини текови, особено кон западен правец. Пирокластичниот материјал најверојатно е однесен со речната ерозија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Влаина
- Вулканизам во Македонија
- Буковик — истоимена планина во Кичевско
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Вулканска купа Буковик кај Пехчево“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 144-145. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Милевски, Ивица (3 јануари 2014). „Влаина, неправедно „заборавена" планина!“. портал ИГЕО. Посетено на 3 декември 2017.