Прејди на содржината

Јанош Кадар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанош Кадар

Јанош Кадар (унг. Kádár János; Риека, 26 мај 1912 година - Будимпешта, 6 јули 1989 година), бил унгарски комунистички политичар, активен во текот на револуцијата во 1956 година и водач на Унгарија од 1956 до 1988 година.

Бил роден во Риека како Џовани Черманек (Giovanni Csermanek).[1] Риека тогаш била во составот на Австроунгарската Монархија. Името Џовани го добил поради законите кои тогаш владееле во градот.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Таткото на Јанош одбил да го признае татковството и со тоа одбил да плаќа алиментација на неговата мајка. Првите шест години од својот живот Јанош ги поминал со неговите старатели, но подоцна е вратен кај неговата мајка која го школувала. Таму бил до неговите 14 години, а потоа се вработил како дактилографски механичар.

На седумнаесет годишна возраст станал член на младинска синдикална група, а на 19 години станал член на Унгарската комунистичка партија.

Поради неговите комунистички идеи и активности тој бил уапсен и затворен неколкупати. Во текот на Втората светска војна, се борел во чехословачкото движење на отпор. Кога завршила војната, на власт во Унгарија дошол Маѓаш Ракоши, Сталинистички диктатор кој спроведувал репресија врз своите противници.

Во 1956 година избувнала револуција која е предводена од страна на реформистичко настроениот новопоставен премиер Имре Наѓ. Јанош се спротивставил на тие напори, па затоа е фатен и однесен во Москва. Притиснат од закани, се вратил во неговиот дом, а советските тенкови ја запреле револуцијата. Од 1956 до 1958 година бил премиер, исто како и од 1961 до 1956 година. После доаѓањето на власт како премиер, на радио објавил 15 точки од својата програма, со што сакал да каже каква ќе биде неговата политика. Последната точка била повлечена, бидејќи имало притисок. Сепак, Кадаровата ера е обележена со развојот на државата и со зголемување на животниот стандард. Ја смалил контролата на државата врз весниците и вовел реформи. Во Унгарија во неговото време можело да се живее многу подобро отколку во другите држави од Источниот блок.

Имал скромен стил на живот, се борел против корупцијата, која сепак ја имало за време на неговото владеење. Од власт слегол во мај 1988 година. А во јули 1989 следната година умира.

На 2 мај 2007 година неговиот гроб бил уништен на вандалски начин, украдени биле неговите коски, черепот и урната со пепел на неговата сопруга. На гробот е оставена порака: „Убиец и предавник не може да биде закопан во светата земја.“[2][3]

  1. „sonline.hu - Ingyen adná a Kádár-házat a nemzeti vagyonkezelő - Imre Fónai - February 13, 2014“. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 2019-01-27.
  2. "Ex-Hungary ruler's remains stolen", BBC News, 3 May 2007.
  3. "Grave of Hungarian Communist leader Janos Kadar vandalized", Associated Press (International Herald Tribune), 2 May 2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]