Јап
Јап Yap | |||
---|---|---|---|
Острови | |||
| |||
Карта на државата Јап | |||
Карта на островите Јап | |||
Координати: 9°32′N 138°07′E / 9.533° СГШ; 138.117° ИГД | |||
Држава | СД Микронезија | ||
Површина | |||
• Земјишна | 1,000 км2 (38,7 ми2) | ||
Население (2003) | |||
• Вкупно | 6.300 |
Јап (јапски, волеајски, сатавалски, улитиски: Yap или Wa'ab[1]; англиски: Yap) е една од четирите сојузни држави во СД Микронезија. Јап е името главниот остров кој се наоѓа во Каролинските Острови и истото име се користи за посочување на уште три околни острови и поради тоа се нарекуваат Јапски Острови. Јапските Острови се блику еден со друг и се поврзани со корален гребен. Културата и традицијата на Јап е силно врзана со тие на околните острови.[2]
Главен град на Јап е градот Колонија. Колонија е центар на самиот остров Јап, но и на уште 14 атоли кои се распространети на територија од 800 километри источно и јужно. Во Јап има пет службени јазици и тоа: англиски, јапски, волеајски, сатавалски и улитиски јазик. Во 2003 година Јап имал вкупно население од 6,300 жители, а вкупната површина изнесува 102 км2. Јап е познат по камените пари познати како раиски камења.
Општини
[уреди | уреди извор]Сојузната држава Јап е поделена на следните општини[3]:
- Јапски Остров
- Околните острови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „VisitYap.com“. Архивирано од изворникот на 2009-01-06. Посетено на 2011-06-02.
- ↑ Mary B. Dickenson (уред.). National Geographic Picture Atlas of Our World. National Geographic Society. стр. 235. ISBN 0-87044-812-9.
- ↑ „Census 1987 with village population figures“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-27. Посетено на 2011-06-02.
- Статија на Washington Post од 29 март 1984.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јап“ на Ризницата ? |
- Владин портал за Јап Архивирано на 4 февруари 2022 г.
- Биро за посетители на Јап
- Вести за Јап Архивирано на 18 јули 2007 г.
- Слики за камените пари
- Држави во Микронезија Архивирано на 10 април 2003 г.
- Статистики за Јап Архивирано на 27 март 2016 г.
9°32′N 138°07′E / 9.533° СГШ; 138.117° ИГД
Оваа статија СД Микронезија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|