Прејди на содржината

Јохан Јакоб Бахофен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ј. Ј. Бахофен
Ј. Ј. Бахофен
Роден(а)22 декември 1815
Базел, Швајцарија
Починал(а)25 ноември 1887
Базел, Швајцарија
НационалностШвајцарец
ПолињаРимско граѓанско право, Антропологија

Јохан Јакоб Бахофен (1815-1887) бил швајцарски антиквар, правник и антрополог, професор по римско право на Универзитетот на Базел од 1841[1]-1845.

Бахофен најчесто се поврзува со неговите теории за праисторискиот матријархат, или Mutterrecht, насловот на неговата плодотворна книга од 1861 година Право на Мајката: истрага на верскиот и правниот карактер на матријархатот во античкиот свет. Бахофен собра документација која покажа дека мајчинството е извор на човечкото општество, религија, морал, и пристојноста. Тој го постулира архаичното "Мајчино право" во контекст на исконска матријархална религија или Урелигија.

Бахофен стана важен претходник на теориите за матријархатот во XX век, како што се Старата Европска култура постулирана од страна на Марија Гимбутас во 1950-тите, како и од областа на феминистичката теологија и "матријархалните студии" во феминизмот во 1970-тите.

Das Mutterrecht предложи четири фази на културалната еволуција, кои се апсорбираат едни со други:

  • 1) Хетераизам: дива номадска земјо-центрирана фаза, карактеризирана од него како комунистичка и полиаморна, чие доминантно божество тој верува дека била прото-Афродита.
  • 2) Das Mutterrecht: матријархална "месечна" фаза врз основа на земјоделството, се одликува со појавата на хтонските мистериозни култови и закон. Доминантното божество беше рана Деметра.
  • 3) Дионизиска: преодна фаза кога поранешните традиции биле маскулинизирани како што патријархатот почна да се појавува. Доминантното божество беше оригиналниот Дионис.
  • 4) Аполонска: патријархалната "сончева" фаза, во која се искоренети сите траги на матријархалното и дионизиското минато и современата цивилизација се појави.

Отпрвин имаше малку реакција за теоријата на културалната еволуција на Бахофен, во голема мера поради неговиот непробоен книжевен стил, но на крајот, како и бесни критики, книгата инспирирала генерации на етнолози, социјални филозофи, па дури и писатели: Луис Хенри Морган; Фридрих Енгелс,[2] кој делумно ја базираше својата книга Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата на Бахофен; Томас Ман; Џејн Елен Харисон, која беше инспирирана од Бахофен да ја посвети својата кариера на митологијата; Валтер Бенјамин; Ерих Фром; Роберт Грејвс; Рајнер Марија Рилке; Џозеф Кемпбел; Ото Грос; Ерих Нојман и дриги.

Џозеф Кемпбел и други писатели, како што се Јулиус Евола сугерираа дека теориите на Бахофен само адекватно го објаснуваат развојот на религијата меѓу пред-ариевските култури на Средоземјето и Левантот, а можеби и Јужна Азија, но посебен патријархален развој постоел меѓу ариевските племиња кои ги освоиле Европа и Азија.

  • De legis actionibus de formulis et de condictione. Dissertation Basel. Dieterich, Göttingen 1840.
  • Das Naturrecht und das geschichtliche Recht in ihren Gegensätzen. Basel 1841. reprint: Off. Librorum, Lauterbach 1995, ISBN 3-928406-19-1
  • Römisches Pfandrecht. Schweighauser, Basel 1847. reprint: Keip, Goldbach 1997, ISBN 3-8051-0688-2
  • Ausgewählte Lehren des römischen Civilrechts. Leipzig 1848. reprint: Keip, Goldbach 1997, ISBN 3-8051-0689-0
  • Versuch über die Gräbersymbolik der Alten. Baasel 1859
  • Oknos der Seilflechter : ein Grabbild : Erlösungsgedanken antiker Gräbersymbolik. Basel 1859. reprint: Beck, München 1923
  • Das Mutterrecht: eine Untersuchung über die Gynaikokratie der alten Welt nach ihrer religiösen und rechtlichen Natur. Stuttgart: Verlag von Krais und Hoffmann, 1861 (google books link)
    • abbreviated edition, ed. Hans-Jürgen Heinrichs. (Suhrkamp Taschenbücher Wissenschaft; Nr.135.) Frankfurt am Main: Suhrkamp, 1975 ISBN 3-518-27735-9
    • excerpts edited as Mutterrecht und Urreligion: eine Auswahl, ed. Rudolf Marx. (Kröners Taschenausgabe; Band 52) Leipzig: A. Kröner, 1927; Stuttgart, 1954; 6th ed. 1984 ISBN 978-3-520-05206-3.
  • Antiquarische Briefe vornemlich zur Kenntniss der ältesten Verwandtschaftsbegriffe. 2 vols. Trübner, Strassburg 1880 & 1886.
  • Römische Grablampen nebst einigen andern Grabdenkmälern vorzugsweise eigener Sammlung. Basel 1890
  • Gesammelte Werke (collected works) ed. Karl Meuli. Basel: B. Schwabe, 1943–1967, in 8 volumes (I-IV, VI-VIII and X)
    • I. Antrittsrede; politische Betrachtungen
    • II. Das Mutterecht, erste Hälfte
    • III. Das Mutterecht, zweite Hälfte
    • IV. Die Sage von Tanaquil
    • VII. Die Unsterblichkeitslehre der orphanischen Theologie: Römische Grablampen
    • VIII. Antiquarische Briefe
    • X. Briefe
  1. Eller, Cynthia (2011). Gentlemen and Amazons: The Myth of Matriarchal Prehistory, 1861–1900. University of California Press. стр. 38.
  2. Engels, Friedrich (2010). The Origin of the Family, Private Property and the State. Penguin UK. стр. 49.
  • Lullies, Reinhard & Schiering, Wolfgang (1988) Archäologenbildnisse: Porträts und Kurzbiographien von Klassischen Archäologen deutscher Sprache. Mainz: Verlag Philipp von Zabern; pp. 41–42
  • Gender-Killer, A. G. (ed.) (2005) Antisemitismus und Geschlecht: von „effeminierten Juden“, „maskulinisierten Jüdinnen“ und anderen Geschlechterbildern. Münster: Unrast-Verlag ISBN 3-89771-439-6
  • Wesel, Uwe (1980) Der Mythos vom Matriarchat: über Bachofens Mutterrecht und die Stellung von Frauen in frühen Gesellschaften vor der Entstehung staatlicher Herrschaft. Frankfurt am Main: Suhrkamp
  • Lionel Gossman (1984) "Basle, Bachofen and the Critique of Modernity in the Second Half of the Nineteenth Century", in: Journal of the Warburg and Courtauld Institutes; 47, pp. 136–185
  • Lionel Gossman. “Orpheus Philologus: Bachofen versus Mommsen on the Study of Antiquity.” American Philosophical Society, 1983. [1] ISBN 1-4223-7467-X.
  • Lionel Gossman, Basel in the Age of Burckhardt: A Study in Unseasonable Ideas (Chicago: University of Chicago Press, 2000), 109-200. ISBN 0-226-30498-1
  • Wiedemann, Felix (2007) Rassenmutter und Rebellin: Hexenbilder in Romantik, völkischer Bewegung, Neuheidentum und Feminismus. Würzburg: Königshausen & Neumann ISBN 3-8260-3679-4.
  • Rattner, Josef & Danzer, Gerhard (2003) "Johann Jakob Bachofen und die Mutterrechtstheorie", pp. 9–28 in: Europäische Kulturbeiträge im deutsch-schweizerischen Schrifttum von 1850-2000. Würzburg: Königshausen & Neumann ISBN 3-8260-2541-5

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]