Дајдо
Дајдо | |
---|---|
Дајдо на настап во 2019 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Флоријан Клауд де Буневиал Армстронг |
Роден(а) | 25 декември 1971 Лондон, Англија |
Жанрови |
|
Занимања | Пејачка, текстописец |
Период на активност | 1995–денес |
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | didomusic.com |
Флоријан Клауд де Буневиал Армстронг (англиски: Florian Cloud de Bounevialle Armstrong; родена на 25 декември 1971), професионално позната како Дајдо ― англиска пејачка и текстописец. Светска популарност стекнала со нејзиниот прв албум No Angel (1999).
Животопис
[уреди | уреди извор]Дајдо е родена како Флоријан Клауд де Буневиал Армстронг, во Лондон, на 25 јануари 1971 година.[5][6][7] Нејзината мајка, Клер (моминско Колинс), била поетеса со француско потекло,[6][8] а нејзиниот татко, Вилијам О'Мали Армстронг (1938–2006), бил ирски издавач и поранешен извршен директор на Sidgwick & Jackson.[9][10] Нејзин постар брат е музичкиот продуцент Роло (Роланд Константин О'Мали Армстронг),[11] дел од британското електронско трио Faithless.
И покрај нивните родени имиња, тие уште од детството биле познати како Дајдо и Роло.[6] Дајдо смета дека ова е нејзиното вистинско име, а не само уметничко име или прекар.[12][13] Името „Дајдо“ потекнува од легендарната кралица од Картагина.
Кариера
[уреди | уреди извор]1995–1996: Почетоци
[уреди | уреди извор]Пред да започне со соло-кариера, Дајдо пишувала песни и била придружен вокал на Faithless, денс-група од Обединетото Кралство предводена од нејзиниот брат, Роло Армстронг. Двата албума на Faithless снимени со Дајдо „Reverence“ и „Sunday 20pm“ станале платинести. Во 1995 година таа снимила 10 демо-нумери кои ги ставила на колекција под наслов Odds and Ends кои биле објавени од нејзината издавачка куќа (Nettwerk) за промотивни цели. Дел од овие нумери биле објавени на нејзиниот деби-албум од 1999 година, No Angel. Odds & Ends го привлекло вниманието на Питер Еџ од Arista Records и издавачката куќа кон крајот на 1996 година потпишала договор со Дајдо за САД.[14]
1998–2006: Пробив на музичката сцена и први албуми
[уреди | уреди извор]Во 1998 година, музичкиот продуцент на филмот Sliding Doors како саундтракот ја избрал нејзината песна „Thank You“. Cheeky Records, која имала потпишано договор Дајдо, во 1999 година била продадена на BMG records. Ова го одложило објавувањето на албумот No Angel во Обединетото Кралство, но на Дајдо ѝ овозможило да се сконцентрира на промовирање на No Angel во САД. Преку турнеите музиката на Дајдо добивала се повеќе приврзаници. Првиот официјален сингл избран од Дајдо и од нејзината издавачка куќа, „Here with Me“, на почетокот не бил доволно забележан. Додека издавачката куќа размислувала да проба со алтернативна песна, Here with Me се пробила како резултат на тоа што била употребена во телевизиската серија Розвел.[14]
Продажбата скокнала од 2.000 на 9.000 единици во текот на неделата на пренос на емисијата.[14] Исто така, песната била искористена во британската романтична комедија Љубов всушност (Love Actually). No Angel бил објавен во 1999 година, а Дајдо имала интензивна турнеја за промоција на албумот.
Американскиот рапер Еминем ѝ помогнал на Дајдо да се претстави пред американската публика во 2000 година, откако претходно добил дозвола од Дајдо да го семплова првиот стих од „Thank You“ во неговиот хит-сингл „Stan“. Дајдо се појавила и во спотот за песната како бремена девојка на Стен.
No Angel станал најпродаван албум за 2001 година во светски рамки.[15] Од албумот биле објавени сингловите: „Here with Me“, „Thank You“, „Hunter“ и „All You Want“. Бил сертифициран како платинест во над триесет и пет земји и се проценува дека се продал во над 21<span typeof="mw:Entity" id="mwxg"> </span>милиони примероци ширум светот.[16]
Вториот студиски албум на Дајдо, Life for Rent бил објавен на 29 септември 2003 година и веднаш предизвикал интерес кај публиката. Албумот бил продуциран од нејзиниот брат Роло Армстронг и американскиот текстописец Рик Новелс. Првиот сингл „White Flag“ станал меѓународен хит во 2004 година. На Дајдо ѝ ја донел Брит наградата за најдобар сингл. Дајдо за спотот за оваа песна работела заедно со Дејвид Бореаназ, ѕвездата од сериите „Бафи убиецот на вампири“ и „Коски“. Вториот, насловен сингл, „Life For Rent“, станал хит во Европа. Синглот „Don't Leave Home“ поминал помалку добро. Четвртиот сингл „Sand In My Shoes“ поминал добро во Јужна и Источна Европа, како и во азиските земји. Синглот „Stoned“ (кој бил објавен само во Америка) станал клупски хит. Албумот „Life for Rent“ е продаден во 12 милиони примероци. Во 2019 година бил наведен како 15-ти најпродаван албум во 21 век во Обединетото Кралство.[17][18]
2006–2017: Следни албуми
[уреди | уреди извор]Третиот албум на Дајдо, Safe Trip Home, бил објавен на 17 ноември 2008 година. Албумот, на кој Дајдо започнала да работи во октомври 2005 година, бил продуциран од Џон Брион и од Дајдо , а придонес имале и: Брајан Ино,[19] Квестлав, Мик Флитвуд, Роло Армстронг и Мет Чембрлен. Албумот бил 44-ти најпродаван албум во светот за 2008 година, според IFPI.[20] Во Обединетото Кралство албумот добил златен сертификат, што било огромен пад во однос на нејзиниот претходен албум кој бил деветкратно платинест. Албумот бил номиниран за Греми награда во категоријата Најдобро аранжиран некласичен албум.[21]
Веднаш по објавувањето на Safe Trip Home, Дајдо започнала да снима нов материјал кој требало да биде вклучен во нејзиниот четврти студиски албум. Во јули 2009 година, Дајдо рекла дека албумот ќе има електронски пристап, во обид да го одведе во сосема поинаква насока претходните албуми.[22] Во септември 2010 година, Дајдо го издала синглот „Everything to Lose“[23] откако претходно песната се нашла на саундтракот од филмот Сексот и градот 2 (објавен во мај 2010 година).
Во јануари 2011 година, Дајдо го издала синглот „If I Rise“. Песната ја пеат Дајдо и А.Р. Рахман, била компонирана од А.Р. Рахман, со текст на Дајдо и Роло Армстронг. За песната било објавено и официјалното музичко видео.[24][25] „If I Rise“ била напишана за 127 Часа, трилер-филм во режија на Дени Бојл.[26] Песната била номинирана за „Сателит“ награда, Награда од здружението на филмски критичари од Хјустон и Награда од друштвото на филмските критичари од Лас Вегас, како и за Оскар за најдобра оригинална песна.[27] Ја освоила Наградата за најдобра песна од Здружението на филмски критичари.
Четвртиот албум на Дајдо, Girl Who Got Away, бил издаден од Sony Music Entertainment во март 2013 година.[28][29][30] „No Freedom“ бил издаден како водечки сингл од албумот во јануари 2013 година.[31] Албумот бил снимен во Лондон и Калифорнија [32] и има продукции од: Роло Армстронг, Систер Блис, Лестер Мендез, А.Р. Рахман, Рик Новелс, Грег Курстин, Брајан Ино и Џеф Баскер.
Во ноември 2013 година, Дајдо го издала албумот Greatest Hits, компилација од претходни песни и ремикси, а и една нова песна, „NYC“.[33] Со објавувањето на Greatest Hits Дајдо ги завршила договорните обврски со RCA Records и навела дека понатаму планира самостојно да ја објавува својата музика.[34]
2018–сега: Подоцнежна кариера
[уреди | уреди извор]На почетокот од 2019 година Дајдо потпишала со BMG за да го издаде нејзиниот петти албум.[35] Дајдо соработувала со нејзиниот брат и долгогодишен соработник Роло Армстронг,[36] заедно со Рик Новелс и Рајан Лоудер. Албумот Still on My Mind бил објавен на 8 март 2019 година. Албумот бил поддржан со сингловите: „Give You Up", „Take You Home", „Friends" и „Just Because". За поддршка на албумот, Дајдо била на турнеја. Тоа била нејзина прва светска турнеја по 15 години.[37] Делукс изданието од албумот било објавено на 15 ноември 2019 година,[38] но не успеало да се најде на топ листите.
Дајдо била вклучена во албумот The Last Summer на нејзиниот брат Роло, кој бил издаден на 11 октомври 2019 година,[39][40][41] под алијасот „R Plus“.
Личен живот
[уреди | уреди извор]По објавувањето на No Angel во 1999 година, и по долго време поминато на промовирање на албумот, Дајдо раскинала со нејзиниот вереник, адвокатот Боб Пејџ, по дванаесетгодишна врска.[42] Дајдо во 2010 година се омажила за писателот Рохан Гевин. Тие имаат еден син, Стенли, кој е роден во јули 2011 година.[43]
Дајдо вели дека е „верен“ доживотен навивач на фудбалскиот клуб Арсенал од Премиер лигата.[44]
Таа има двојно британско-ирско државјанство поради тоа што татко ѝ е Ирец.[45]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- No Angel (1999)
- Life for Rent (2003)
- Safe Trip Home (2008)
- Girl Who Got Away (2013)
- Still on My Mind (2019)
- The Last Summer (Deluxe – with R Plus) (2020)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jason Ankeny. Дајдо — AllMusic (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 Jones, Tim (May 2013). „DIDO Girl Who Came Back“. Record Collector. Бр. 414. Архивирано од изворникот 5 October 2016. Посетено на 3 October 2016.
- ↑ Seymour, Craig (22 December 2000). „Eminem's "Stan" is EW's single of the year“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот 24 September 2015. Посетено на 4 July 2015.
- ↑ „RCA's Peter Edge, Tom Corson on the Shuttering of Jive, J and Arista“. Billboard. 7 October 2011. Архивирано од изворникот 10 October 2011. Посетено на 31 December 2011.
- ↑ „Armstrong Florian Cloud De B.“. Births Registered in January, February, and March 1972. London: General Register Office for England and Wales. стр. 37.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Sheryl Garratt (20 May 2001). „How Dido did it“. The Observer. Архивирано од изворникот на 30 March 2013. Посетено на 2 October 2008.
- ↑ Clare Teresa Armstrong (Mother) (4 February 1972). „BIRTH – Florian Cloud De Bounevialle O'Malley Armstrong“. Registration District of Kensington. GRO Volume 5C. London: General Register Office for England and Wales. стр. 2242.
- ↑ „Dido revient au naturel“ [Did returns to the natural]. Le Parisien (француски). 17 November 2008. Архивирано од изворникот на 3 June 2015. Посетено на 3 June 2015.
Dido, dont la mère est d'origine française
- ↑ Patrick Janson-Smith (17 January 2007). „William Armstrong – Publisher at Sidgwick & Jackson“. The Independent. London. Архивирано од изворникот на 14 December 2007. Посетено на 8 October 2008.
- ↑ Margaret Willes (12 January 2007). „A rebel at heart – Margaret Willes remembers William Armstrong“. PN Archive. Publishing News. Архивирано од изворникот на 25 June 2009. Посетено на 8 October 2008.
- ↑ „Armstrong Rowland Constantine O'M“. Births Registered in April, May, and June 1966. London: General Register Office for England and Wales. стр. J66B0032B.
- ↑ Nigel Williamson. „Dido interview“. The Times (20 January 2001). стр. 14–16.
- ↑ „MoRe and mOrE Questions & Answers 2002!!! =)“. The Official Dido Message Boards. Посетено на 30 September 2008.
Q: Is Dido a stage name like Sister Bliss or is it your real name? A: Dido is my real name
[мртва врска] - ↑ 14,0 14,1 14,2 „Interview with Peter Leak“. HitQuarters. 13 December 2004. Архивирано од изворникот на 18 March 2014. Посетено на 24 June 2012.
- ↑ „No Angel (Album)“. Dido's Official Website. Архивирано од изворникот на 22 May 2013. Посетено на 16 December 2008.
- ↑ Peter Paphides (25 March 2005). „Music to watch girls by“. London: Times Newspapers, Ltd. Архивирано од изворникот на 17 June 2011. Посетено на 15 May 2008.
she didn't know she was going to sell 21 million copies of her first album
- ↑ „Radio 2 reveals the best-selling albums of the 21st Century“. BBC. Посетено на 14 October 2019.
- ↑ „The UK's Top 40 biggest studio albums of the 21st Century“. Official Charts Company. Посетено на 2019-10-14.
- ↑ John Aizlewood. „Dido – Untitled: Expected Early 2008“. Q (October 2007).
- ↑ IFPI Архивирано на 24 март 2009 г.
- ↑ „GRAMMY.com – The Official Site of Music's Biggest Night“. The GRAMMYs. Архивирано од изворникот на 3 December 2009. Посетено на 21 December 2014.
- ↑ „A catch-up with Dido, part 1“. Didomusic.com. 7 October 2009. Архивирано од изворникот на 27 July 2020. Посетено на 24 January 2011.
- ↑ „Everything To Lose: Dido: Amazon.co.uk: MP3 Downloads“. Amazon UK. Посетено на 24 January 2011.
- ↑ „A.R.Rahman and Dido together for a music video“. The Times of India. Архивирано од изворникот на 12 July 2011. Посетено на 12 December 2010.
- ↑ „Exclusive: Dido and A.R. Rahman's 'If I Rise' Video“. The Wall Street Journal. 18 February 2011. Архивирано од изворникот на 19 February 2011. Посетено на 18 February 2011.
- ↑ Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
- ↑ „Nominees for the 83rd Academy Awards“. Архивирано од изворникот на 25 January 2011. Посетено на 25 January 2011.
- ↑ Levine, Nick. „Dido Girl Who Got Away Review“. BBC Music. Посетено на 10 March 2023.
- ↑ „Dido: Girl Who Got Away – review (RCA)“. The Guardian. 10 March 2023. Посетено на 25 October 2013.
- ↑ „New Dido album to be released Q1 2013“. Music Week. 22 November 2012. Архивирано од изворникот на 28 November 2012. Посетено на 22 November 2012.
- ↑ „Dido stellte dem Sony-Team neue Songs vor“. mediabiz.de. 23 November 2012. Архивирано од изворникот на 29 November 2012. Посетено на 24 November 2012.
- ↑ Sleeve notes to girl who got away
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Newman, Melinda (26 November 2013). „Dido on her greatest hits and becoming a free agent: Interview“. Hitfix.com. Архивирано од изворникот на 5 January 2016. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ Jones, Rhian (9 May 2018). „BMG signs Dido ahead of fifth album release“. Music Business Worldwide. Архивирано од изворникот на 11 August 2020. Посетено на 4 June 2018.
- ↑ "Dido Announces Her Return! New Album 'Still On My Mind' Out 3/8/19" Архивирано на 13 ноември 2018 г..
- ↑ Hugues, David (16 November 2018). „Here's what you need to know about Dido's 2019 world tour“. inews.co.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 27 July 2020. Посетено на 27 July 2020.
- ↑ „Dido's Deluxe Edition of Latest Record Still On My Mind OUT NOW“. Guitar Girl Magazine (англиски). 15 November 2019. Архивирано од изворникот на 27 July 2020. Посетено на 27 July 2020.
- ↑ „R Plus – The Last Summer“. Spotify. 11 October 2019. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ „R Plus Releases "The Last Summer"“. Elicit Magazine. 1 October 2019. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ Wong, Miranda Zy (1 October 2019). „Dido Joins Rollo and Sister Bliss of Faithless as R Plus, Debut Album The Last Summer Announced for October 2019 Release“. mxdwn. Посетено на 30 April 2023.
- ↑ McCormick, Neil (10 September 2003). „I should be crazy by now“. The Daily Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Архивирано од изворникот на 27 July 2020. Посетено на 27 July 2020.
- ↑ „A note from Dido“. Didomusic.com. 6 February 2011. Архивирано од изворникот на 18 October 2012. Посетено на 31 December 2011.
- ↑ „Dido: Sing When You're Winning“. FourForTwo. 24 September 2003. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 2 December 2015.
- ↑ „Florian Cloud Debounvialle ARMSTRONG – Personal Appointments (free information from Companies House)“ (англиски). Companies House, Government of the United Kingdom. Архивирано од изворникот на 30 July 2019. Посетено на 30 July 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Дајдо на Curlie (англиски)
- Dido на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Dido discography at Discogs
|
- Добитници на Ајвор Новело награда
- Англиски кантавтори
- Англиски поп-пејачки
- Англиски гитаристи
- Добитници на MTV Europe музички награди
- Добитници на Британски музички награди
- Англичани од француско потекло
- Родени во 1971 година
- Електропоп музичари
- Англичанки во електронската музика
- Добитници на Светски музички награди
- Англиски пејачки
- Трип-хоп-музичари
- Пејачи од Лондон
- Англиски кантавторки
- Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Лос Анџелес)
- Англиски гитаристки