Држани
Држани | |
Координати 41°40′29″N 22°30′48″E / 41.67472° СГШ; 22.51333° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22014 |
Надм. вис. | 700 м |
Држани на општинската карта Атарот на Држани во рамките на општината | |
Држани на Ризницата |
Држани (понекогаш Држанци) — село во Општина Радовиш. Денес селото е целосно раселено.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа североисточно од Радовиш. Сместено е на јужната падина на планината Плачковица, на надморска височина од 700 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Држани било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дражејца (Дражанци) имала 100 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Држанци живееле 194 Турци.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[6]
Населението на селото драстично опаднало во 1950-тите години поради иселувањето на Турците. Така, од 284 жители во 1953 г. се свело на само 21 жител на пописот од 1961 г.[7] Во текот на следната деценија бројот на жители се располовил, за селото да биде наполно испразнето во текот на 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Држани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 248 | 284 | 21 | 11 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Држани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|