Иверица
Иверица[1][2] — општо име за плоча направена од дрвени иверки или други лигноцелулозни материјали кои се врзуваат заедно со органско врзивно средство користејќи висока температура, притисок, влага, зацврстувачи итн.[3]
Според методот на пресување, има нормално пресувани и истиснувани (екструзионо пресовани) иверици. При нормално пресување, силата на притискање делува нормално на површината на плочата, така што иверките се поставуваат паралелно со површината на плочата, додека со постапката на истиснување, притискањето се врши паралелно со површината на плочата, а иверките се поставуваат нормално на површината на плочата.
Според зафатнинската маса, ивериците се делат на: ивериции со мала зафатнинска густина (изолациски иверици; < 400 кг/м3), средна зафатнинска маса (400 кг/м3 − 800 кг/м3) и голема зафатнинска маса (> 800 кг/м3).[4] Се изработува од отпадно дрво, струготини и иверки, кои се мешаат со посебно лепило и потоа се притискаат до одредена дебелина. Опремената иверица е покриена со фурнир или пластични фолии со имитација на висококвалитетни дрвени обрасци. Се користи за изработка на мебел, обложување ѕидови, рекламни паноа и сл.
Најчести видови на суровини за производство на иверица се: стандардна иверка, вафер и стренд.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „иверица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „иверица“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ ФАО - Дефиниции на дрвни производи[мртва врска]
- ↑ Ј. Миљковић - „Композитни материјали од уситњеног дрвета - иверице“, Научна књига, Београд, 1991. 978-86-23-48010-2 стр. 7
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Composite Panel Association: Particleboard Архивирано на 10 ноември 2013 г.
- European Panel Federation: Particleboard