Прејди на содржината

Ангаур

Координати: 6°54′N 134°08′E / 6.900° СГШ; 134.133° ИГД / 6.900; 134.133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположба на Ангаур во Палау.

Ангаур или Нгеаур (јапонски: |アンガウル) е остров и сојузна држава во островската држава Палау. Островот има вкупна површина од 8 км2 и население од 188 жители според пописот од 2002 година. Административен центар на сојузната држава е селото Нгеремасч. Источно од ова село се наоѓа селото Роис.

Од 1909 до 1954 година на островот бил активен рудник за фосфат. Првично рудникот бил отворен од Германците, а потоа бил управуван од Јапонците и на крај Американците. На островот се одвивала значајна битка за време на Втората светска војна.

Ангуар се наоѓа југозападно од Пелелиу и е популарно место за сурфање. На островот може да се пристигне со бродови и мали авиони. Источниот дел од островот е воглавно песочен, а на западниот дел има мала лагуна со рибарско и транспортно пристаниште. Според „CIA Factbook“, службените јазици на островот се јапонски, англиски и ангаурски јазик.[1][2] Ангаур е единственото место надвор од Јапонија каде јапонскиот е службен јазик.

  1. „CIA - The World Factbook -- Field Listing :: Languages“. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот 2010-02-17. Посетено на February 17, 2010.
  2. Lewis, Paul M. (ed) (2009). „Languages of Palau“. SIL International. Архивирано од изворникот 2010-02-17. Посетено на February 17, 2010.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

6°54′N 134°08′E / 6.900° СГШ; 134.133° ИГД / 6.900; 134.133