Бендида
Изглед
Бендида – едонско-пиериско божество, со култ кај Струма.
Бендида ја претставува „Големата Мајка” („Мегале Тхеа”). Иконографски се претставува со: кус хитон, наметка од животинска кожа (небрис), чизми, фригиска капа и копје. Култот се поврзува со пајонските култови посветени на Артемида и со бригиското божество Бендида. Посебно е почитувана кај Битините преселени од Стримон во Мала Азија, што е посведочено со називот на месецот Бендидеиос и со ликовните прикази на монетите на битинскиот крал Никомед (Ⅲ в. од ст.е.): божица со меч, штит и две копја. ЛИТ.: Д. Срејовић, А. Цермановић, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979; Д. Попов, Бендида, Софија, 1981; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бенг“. Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 2020-08-18.