Бизон
Бизон Период: Ран плеистоцен – денес | |
---|---|
Американски бизон (Bison bison) | |
Европски бизон (Bison bonasus) | |
Научна класификација [ у ] | |
(нерангирано): | Заднокамшични |
(нерангирано): | Целовити |
(нерангирано): | Кончести |
Царство: | Животни Чарлс Хамилтон Смит, 1827 |
Видови | |
B. bison |
Бизон (лат. Bison) е род на парнокопитни животни и припаѓа на семејството шуплороги говеда (Bovidae). Бизоните ги одликуваат кратките нозе, широкото чело со јаки и нагоре свиткани рогови, и мускулест преден дел на телото обраснато со долги темнокафеави влакна. Живеат во крда, а мажјаците може да пораснат и до 3,5 m должина и 2 m во висина. Достигнуваат маса и до 1000 кг.
Бизонот е најголемо копнено животно во Европа и Северна Америка. Родот на бизони обфаќа четири изумрени и два современи вида:
- Европски бизон (Bison bonasus)
- Американски бизон (Bison bison).
Во Европа слободно живее само во Бјаловешка шума (Полска, Белорусија). Во Северна Америка се проценувало дека огромните стада на бизони се составени од 60 милиони животни, а денес се речиси потполно уништени.