Прејди на содржината

Билиран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е страница за покраина. За општината видете Билиран, Билиран. За островот видете Билиран Остров.
Билиран
Провинцискиот грб на Билиран
Провинцискиот грб на Билиран
Мапа на Филипините со факти за Билиран highlighted
Мапа на Филипините со факти за Билиран
Регион Источни Висаи (Регион VIII)
Главен град Навал
Дивизии  
 - Високоурбанизирани градови 0
 - Составни градови 0
 - Општини 8
 - Барангај 132
 - Конгресни окрузи 1
Население 5-та
 - Вкупно (2000) 140.274
 - Густина 253/km² (260та)
Површина 40-та
 - Вкупно 555,4 km²
Основана 11 мај 1992
Јазици себуански, варајски, тагалски, англиски
Гувернер Рогелио Х. Еспина


Билиран — една од најмалите покраини на Филипините и е сместена во регионот Источни Висаи . Таа е остров покраина и се наоѓа на само неколку километри северно од островот Лејте. Главен град е Навал и до 1992 таа беше дел од покраината Лејте.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот во мај 2000, Билиран имаше вкупно население од 140,274 жители, кои живеат во 27.907 домаќинства со просек од 5,02 жители по домаќинство.

Жителите на Билиран претежно зборуваат на себуански и варајски јазик. Себуанскиот го зборуваат 57,79% од населението и најмногу во западниот дел на островот,додека варајскиот го зборуваат 40,8% од населението и тоа претежно во источните краеви. Поголемиот дел исто така зборува и разбира тагалски и англиски.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Билиран е поделена на 8 општини. Има 132 барангаи.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Економијата на Бириран претежно се заснова на рибарството. Повеќето од градовите како Навал и Билиран, имаат одлични пристаништа.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Слика снимена од Спејс Шатл на 12 април 1993

Координати: 11°29′N, 124°29′E