Прејди на содржината

Блуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Taj Mahal Blues Trio
Американска блуз пејачка Ма Раини (1886–1939), "Мајката на Блуз"

Блуз е вокален и инструментален облик на музика чии корени потекнуваат од афроамериканската музика во 19 век. Во првите децении на XX век, овој жанр се распространил најпрвин во САД, а подоцна и во рамките на светската култура.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите описи на блузот како вид музика можат да се пронајдат дури во текстовите на некои патописци кои при своите патувања во САД ритмичната музика наречена „блуз“ ја опишувале како музика на Афроамериканците, кои со неа си ја олеснувале работата на плантажите. Меѓу првите објавени авторски блуз-композиции се смета делото од 1912 година, „Мемфис блуз“ на Вилијам Кристофер Хенди, кој е познат како татко на блузот. Во 1926 година, тој ја објавил својата блуз-антологија, која е веројатно првиот обид за документирање на блузот. Преку делата на Хенди, блузот пристигнал во Европа и тоа благодарение на американските воени оркестри, кои ја придружувале американската војска за време на Првата светска војна. Така, во Европа почнал да се развива стилскиот блуз, а меѓу првите кои го прифатиле блузот биле француските композитори Дариус Милхауд и Морис Равел. Во 1920 година била издадена плочата со Мами Смит која претставува првата грамафонска снимка од црн изведувач на блуз. Првите песни постигнале релативен успех, па потоа биле снимаат уште неколку песни: „Crazy Blues“, „It's Right Here For You“, „If You Don't Get It“ и „Аin't No Fault of Mine“ кои постигнале поширок успех и со тоа започнала ерата на класичниот блуз, карактеристична по блуз-пејачите кои пееле во придружба на џез-музичари, како: Кинг Оливер, Луис Армстронг, Чарли Грин и др. Урбаниот велеградски блуз се развил во црнечките заедници по Втората светска војна како самостојна блуз-уметност, која во почетокот немала никакви врски со џезот или со забавната музика, а со времето наместо „Race Records“ се претворила во „Rhythm and Blues“ и така ја поставила подлогата за новиот музички жанр од 1950-ите - Рокенролот.

Најважни претставници за раниот кантри-блуз се:

  • Barbecue Bob (1902-1931)
  • Blind Blake (1893-1933)
  • Big Bill Broonzy (1893/1898-1958)
  • Ida Cox (1896-1967)
  • Gary Davis (1896-1972)
  • Sleepy John Estes (1904-1977)
  • Blind Boy Fuller (1908-1941)
  • Jesse Fuller (1896-1976)
  • Son House (1886/1902-1988)
  • Alberta Hunter (1895-1984)
  • Mississippi John Hurt (1893-1966)
  • Skip James (1902-1969)
  • Blind Lemon Jefferson (1893-1929)
  • Blind Willie Johnson (1902-1945)
  • Lonnie Johnson (1894-1970)
  • Robert Johnson (1909/1912-1938)
  • Tommy Johnson (1896-1956)
  • Louis Jordan (1908-1975)
  • Leadbelly (1885-1949)
  • Furry Lewis (1899-1981)
  • Mance Lipscomb (1895-1976)
  • Cripple Clarence Lofton (1887-1957)
  • Fred McDowell (1904-1972)
  • Brownie McGhee (1915-1996)
  • Blind Willie McTell (1901-1959)
  • Memphis Blues Band
  • The Memphis Jug Band
  • Big Maceo Merriweather (1905-1953)
  • Memphis Minnie (1897-1973)
  • Charlie Patton (1893-1934)
  • Ma Rainey (1886-1939)
  • Tampa Red (1904-1981)
  • Bessie Smith (1894-1937)
  • Mamie Smith (1883-1946)
  • Victoria Spivey (1906-1976)
  • Frank Stokes (1888-1955)
  • Sonny Terry (1911-1986)
  • Bessie Tucker (1906-1933)
  • Sippie Wallace (1898-1986)
  • Washboard Sam (1910-1966)
  • Peetie Wheatstraw (1902-1941)
  • Bukka White (1909-1977)
  • Josh White (1914/1915-1969)
  • Sonny Boy Williamson I (1914-1948)

Ран урбан блуз

[уреди | уреди извор]

Најважни претставници за раниот урбан-блуз се: Gladys Bentley (1907-1960.) Lucille Bogan (1897-1948.) Thomas A. Dorsey (1899-1993) Lil Green (1919-1954) Lucille Hegamin (1894-1970) Alberta Hunter (1895-1984) Ma Rainey (1886-1939) Clara Smith (1894-1935) Mamie Smith (1883-1946) Bessie Smith (1894-1937) Ethel Waters (1896-1977)

Блуз-рокот во 1960-тите

[уреди | уреди извор]

Во 1960-тите се појавиле бројни изведувачи кои ги споиле блузот со рокот:

  • Allman Brothers Band
  • The Animals
  • Captain Beefheart
  • Canned Heat
  • Cream
  • Creedence Clearwater Revival
  • Fleetwood Mac
  • Free
  • Hot Tuna
  • Jimi Hendrix
  • Johnny Winter
  • Raj Kuder
  • Humble Pie
  • Janis Joplin (1943-1970)
  • Alexis Korner
  • Led zepelin
  • John Mayall & the Blues breakers
  • The Rolling Stones
  • The Fabulous Thunderbirds
  • Carlos Santana
  • Taste % Rory Gallagher
  • Ten Years After
  • Van Morrison
  • The Yardbirds
  • ZZ Top

Одлики на блузот

[уреди | уреди извор]

Во блузот доминираат љубовните теми пишувани во музички форми од по 12 такта, а текстот вообичаено е поделен на строфи од по три стиха при кои најчесто вториот стих е идентичен на првиот. На пример:

Woke up this morning with the blues down in my soul

Woke up this morning with the blues down in my soul

Saying My baby gone and left me, got a heart as black as coal

Блузот како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Блузот како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Блузот како тема во популарната музика

[уреди | уреди извор]
  • „Блузот на Лина“ (англиски: Lina's Blues) - џез-композиција на Марсел Азола (Marcel Azzora).[2]
  • „Д. Т. блуз“ (англиски:D.T. Blues) - песна на американската рок-група Грин он Ред (Green on Red) од 1988 година.[3]
  • „Тумстоунски блуз“ (англиски: Tombstone Blues) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.[4]
  • „Блуз со сок од портокал (Блуз за појадок)“ (англиски: Orange Juice Blues (Blues For Breakfast)) - песна на Боб Дилан и „Бенд“ (The Band) од 1975 година.[5]
  • „Мојот стар пријател, блузот“ (англиски: My Old Friend The Blues) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[6]
  • „Зошто пеам блуз“ (англиски: Why I Sing the Blues) - песна на Дејв Кларк (Dave Clark) и Рајли Кинг (Riley King), во изведба на американската пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1970 година.[7]
  • „Природен блуз“ (англиски: Natural Blues) - песна на американскиот музичар Моби (Moby).[8]
  • „Полноќниот блуз на вујче Боб“ (англиски: Uncle Bob's Midnight Blues) - песна на американскиот поп-рок-музичар Ренди Њумен од 1970 година.[9]
  • „Блуз“ (англиски: The Blues) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[10]
  • „Блуз на победникот“ (англиски: Winner's Blues) - песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1994 година.[11]
  • „Зборувајќи за блузот“ (англиски: Talkin' The Blues) - песна на американскиот блуз-музичар Џон Ли Хукер (John Lee Hooker) од 1995 година.[12]
  • „Проповедање блуз“ (англиски: Preaching the Blues) - песна на американскиот блуз-музичар Роберт Џонсон (Robert Johnson).[13]

Блузот како мотив во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 13-14.
  2. La fisarmonica nell jazz, MJCD 1104, 1995.
  3. DISCOGS, Green On Red ‎– Here Comes The Snakes (пристапено на 8.10.2018)
  4. YouTube, Bob Dylan - Tombstone Blues (Audio) (пристапено на 27.12.2019)
  5. Discogs, Bob Dylan & The Band ‎– The Basement Tapes (пристапено на 30.9.2020)
  6. YouTube, Steve Earle | Guitar Town | Full Album | Vinyl Rip (пристапено на 30.10.2017)
  7. YouTube, Aretha Franklin - Spirit in the Dark - 1970 - album completo (пристапено на 22.11.2017)
  8. YouTube, Moby 'Natural Blues' feat. Christina Ricci (пристапено на 17.1.2020)
  9. DISCOGS, Randy Newman ‎– 12 Songs (пристапено на 19.12.2017)
  10. YouTube, The Blues- Randy Newman (Vinyl Restoration) (пристапено на 8.10.2017)
  11. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)
  12. Discogs, John Lee Hooker ‎– Chill Out (пристапено на 26.11.2020)
  13. Discogs, The Gun Club – Fire Of Love (пристапено на 7.11.2022)
  14. „HRT (пристапено на 5.10.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 2017-10-30.
  15. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 26.
  16. Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 16.
  17. „Браќата Блуз 2000“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 26.
  18. HRT (пристапено на 9.2.2018)
  19. Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 20.