Прејди на содржината

Бона Сфорца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бона Сфорца
Кралица на Полска
На престол1518–1548
Крунисување18 април 1518
Роден(а)2 февруари 1494(1494-02-02)
Вигевано, Италија
Починал(а)19 ноември 1557(1557-11-19) (возр. 63)
Бари
Почивалиште
СопружникСигисмунд I
Деца
повеќе...
Изабела
Сигисмунд II
Софија
Анна I Јагелонка
Катерина Јагелонка
ДинастијаДинастија Сфорца
Jagiellon
ТаткоЏан Галеацо Сфорца
МајкаИзабела Неаполска

Бона Сфроца (родена на 2 февруари 1494[1] или на 2 февруари 1493[2] - починала на 19 ноември 1557) била војвотка на Бари, принцеза на Росано, кралица на Ерусалим и Полска како втора сопруга на полскиот крал Сигисмунд I.

Бона Сфорца е родена на 2 февруари 1494 година во Вигевано, Италија. Таа е ќерка на Џан Галеацо Сфорца, војвода од Милано, и неаполската принцезата Изабела Неаполска , од која Бона Сфорца ги наследила титулите војвотка на Бари, принцеза на Росано, кралица на Ерусалим. Бона е и внука на Бјанка Марија Сфорца, царица на Светото Римско Царство.

Во 1518 година Бона Сфорца се омажила за полскиот крал Сигисмунд I и имале шест деца.

Бона Сфорца се одликувала со голема убавина и енергија. Уште додека бил жив нејзиниот сопруг, таа започнала да врши големо влијание во управувањето на Полското Кралство успевајќи да се отргне од големите дворјани. Како кралица на Полска Бона Сфорца е позната и со покровителство над ренесансната уметност, која благодарение на неа, започнала да продира во Полско-литванската Државна Заедница.

По смртта на Сигисмунд I, новиот крал Сигисмунд август бил принуден да се бори против силното влијание на својата мајка. Бона Сфорца имала план преку династическите бракови на своите деца да ја обедини под своја власт речиси цела католичка Европа. Во нејзините планови сепак не бил вклучен вториот брак на Сигисмунд август со литванската принцеза Барбара Радзвил. Поради тоа Бона Сфорца застанала на чело на Католичката опозиција во Полска против бракот на кралот со бидејќи принцезата била калвинистка. Тоа е причината Бона Сфорца да биде осомничена дека учествувала во труењето на Барбара Радзвил, која починала во 1551 година.

По проширувањето на конфликтот со нејзиниот син Бона Сфорца започнала да се чувствува несигурна во Полска и посакала да се врати во своите родни имоти во Италија. Плашејќи се дека при заминувањето во Италија, Сигисмунд август и забранил да ја напушти земјата. Во 1556 година Бона Сфорца успеала да ја напушти Полска откако јавно се одрекла од сопственоста над имотот во кралството. Таа сепак со себе понела 420.000 дукати, кои подоцна ги позајмила на шпанскиот крал, Филип II.

Откако ја напуштила Полска, Бона Сфорца заминала во Бари, Италија. Таму таа починала на 19 ноември 1557 година. Се смета дека била отруена по налог на шпанскиот крал кој не сакал да и ги врати парите.

  1. Cawley, Charles, Milan, Medieval Lands, Foundation for Medieval Genealogy, Посетено на August 2012 Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help), Предлошка:Better source
  2. Maike Vogt-Lüerssen: Isabella von Aragon und ihr Hofmaler Leonardo da Vinci, Norderstedt 2010, ISBN 978-3-8391-7110-3, p. 116