Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.
За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго[3]. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично[3].
Булката како тема во уметноста и популарната култура