Прејди на содржината

Википедија:Големина на статиите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Најважното од страницава: Коментирај на содржината, не на корисникот.

Оваа страна содржи преглед на прашања поврзани со ограничувања т.е. големина на статии, што се создадени преку:

  • проблеми на читачот, како што се читливоста, организацијата, јасност на информација, итн.
  • проблеми на уредувач, на пример тензија на страна за разговор, дебати како да се подели голема статија и сл.
  • проблеми на придонесување, како што се статии што престануваат да растат нагло веднаш штом ќе достигнат одредерна големина, што не мора да значи дека нема повеќе информации за одредената тема.
  • технички проблеми, на пр. ограничување на пребарувач, брзина на подигнување, интернет (или мобилна) поврзаност итн.

Проблем со читливост

[уреди извор]

Секоја статија на Википедија е во процес на еволуција и се очекува да продолжи да расте. Ова не е проблем за Википедија, бидејќи има неограничен капацитет за зачувување на информации, но сепак многу долгите статии трешко се читливи и потешки се за навигација.

Статија подолга од една или две страни кога се печати може да биде поделена на неколку секции за полесна навигација. За статии што се предлги, поделувањето на секции е природен пат, но тоа не важи за поделба на табела или листа.

Читателот може да се замори од читање на статија поголема од 30 to 50 KB, што грубо пресметано е еднакво со 6 000 до 10 000 зборови. Ако статијата е значајно поголема од тоа, подобар начин е да се подели статијата, односно, некои делови од статијата да се префрлат во други статии. Исто така, постои можност големата статија да биде подлена на повеќе помали статии.

Технички проблеми

[уреди извор]

Во минатото, поради не постоењето на квалитетни интернет пребарувачи, се препорачуваше статиите да бидат големи до 32 KB, бидејќи додавање на повеќе текст може да доведе до технички проблеми. Ова правило денес не се практикува до таа мера бидејќи денешната генерација на интернет пребарувачи имаат доволен капацитет да ги издржат и поголемите статии.

Иако ситуацијата денес е поразлична, вкупната големина на статијата се препорачува да биде помала, бидејќи сè уште постојат корисници со слаба интернет конекција за кои важи старото техничко правило. Статија со текст од околу 32 kb се отвора за околу 5 секунди кога се користи интернет конекција со слаб капацитет.

Пребарување од мобилен телефон може да биде проблем бидејќи ваквите уреди имаат слаба меморија, така долгите статии се отвораат подолго време. Денешните мобилни интернет пребарувачи сè уште не можат целосно да отворат долга статија а како последица на тоа и уредувањето е потешко.

Белешки

[уреди извор]

Поврзано

[уреди извор]