Прејди на содржината

Кленоец

Координати: 41°28′39″N 20°48′30″E / 41.47750° СГШ; 20.80833° ИГД / 41.47750; 20.80833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кленоец

Поглед на селото од патот кон Долна Душегубица

Кленоец во рамките на Македонија
Кленоец
Местоположба на Кленоец во Македонија
Кленоец на карта

Карта

Координати 41°28′39″N 20°48′30″E / 41.47750° СГШ; 20.80833° ИГД / 41.47750; 20.80833
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 20 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12032
Надм. вис. 900 м
Кленоец на општинската карта

Атарот на Кленоец во рамките на општината
Кленоец на Ризницата

Кленоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри.[2]

Куќите на ова мало село се наоѓаат на тераса висока околу 900 метри. Околни села се: Извор, Горна и Долна Душегубица, Попоец и други.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Каменица, Угар, Осој, Соколица, Лопушник и други.[3]

Селото е од збиен тип. Се разликуваат Горно и Долно маало.[3]

Селото Кленоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на 15 километри југозападно од Кичево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кленоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Народното предание вели дека селото е доста старо. Но, и неговото население во текот на минатото се менувало. Остатоци од постарото население се црквиштата и гробовите.[3]

Во историските извори, селото се споменува во 1476/77 година, кога имало 43 куќи.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 4 км2. На него шумите заземаат површина од 208 хектари, на пасиштата отпаѓаат 91 хектар, а на обработливото земјиште само 56 хектари.[2]

Селото нема некоја значајна земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948220—    
1953216−1.8%
1961149−31.0%
197156−62.4%
198137−33.9%
ГодинаНас.±%
199111−70.3%
199422+100.0%
200221−4.5%
202120−4.8%

Според податоците од 1873 година, селото имало 34 домаќинства со 132 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Кленоец и Душегубица (Горна и Долна) имало 580 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кленоец имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кленоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Кленоец:[8]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
34 22 25 0 25 63 119 182

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Тоа е мало село, кое што во 1961 година броело 149 жители, а во 1994 година 22 жители, македонско население. Селото е во фаза на раселување.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кленоец живееле 21 жител, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 19 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 580 160 220 216 149 56 37 11 22 21 20
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Кленоец е македонско православно село. Во селото нема староседелски родови, односно сите родови се доселени од Дебарско.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

Родовите во Кленоец се: Јаковчевци, Наумовци, Џунковци, Љакушовци, Танасковци, Лескаровци и Пампуровци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јаковчевци (10 к.), Наумовци (4 к.), Љакушовци (7 к.), Танасковци (8 к.), Лескаровци (8 к.) и Пампуровци (3 к.), сите доселени од Клења и слават Петковден.[16]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Кленоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда во селото Извор.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[21]
  • Селиште — средновековна црква и некропола.
Цркви[22]
Споменици

Кленоец како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  • „Бре Кленовјанки бре кираџивки“ - македонска народна песна.[23]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Кленоец
Починати во Кленоец

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна настанало иселување на бројни жители. Се иселиле повеќе од десет домаќинства. Една група од иселениците живеат во селото Другово, другите живеат во Кичево, но и на други места.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 150. Посетено на 1 February 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 90.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  8. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 January 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 23 January 2019.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-08-24. Посетено на 1 February 2019.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 1 February 2019.[мртва врска]
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 12.
  24. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 883–887.
  25. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]