Прејди на содржината

Кодот на Да Винчи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кодот на Да Винчи
Македонска корица
Изворен насловThe Da Vinci Code
ПреведувачЈагода Трајковска
Земја САД
Јазиканглиски
Жанртрилер, крими, фикција, мистерија
Издавач Doubleday
Кафе-книжара Три
Издадена
18 март 2003
2004
Страници 474
ПретходнаТочка на измама 
СледнаИзгубениот симбол 

Кодот на Да Винчи (англиски: The Da Vinci Code) е четвртиот роман на американскиот писател Ден Браун. Романот набрзо стана една од најпродаваните книги на сите времиња.[1][2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгтон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат необичната загатка, Ленгтон и француската специјалистка за криптологија Софи Неве, постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо Да Винчи. Сè ќе се искомплицира дополнително кога Ленгтон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле г. Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, Леонардо да Винчи и многу други. Ленгтон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш.

Тајната на Светиот Грал

[уреди | уреди извор]
Детал од „Тајната вечера“, на Леонардо Да Винчи.

Во книгата, ликот Ли Тибинг ѝ објаснува на Софи Неве дека фигурата во сликата „Тајната вечера“ на десната страна од Исус не е апостолот Јован, туку Марија Магдалена. Според книгата, Марија Магдалена му била сопруга на Исус Христос и била бремена кога Исус бил распнат. Како што може да се забележи, на масата нема чашка (а речено е дека Светиот Грал се појавува на таа вечера), што покажува дека Леонардо да Винчи знаел дека всушност Марија Магдалена била Светиот Грал (носителот на крвта на Исус). Се вели дека оваа теорија уште повеќе е потврдена со тоа што Исус и Марија се така седнати што просторот меѓу себе го прават како буквата “V”, а тој симбол е ознака за светата женственост. Јован не се појавува на сликата бидејќи е интерпретација на „ученикот што Исус го сакал“, код за Марија Магдалена. Во книгата исто така се спомнати и облеките на Исус и Марија, кои очигледно се сосема спротивни една со друга. Исус носи црвена блуза со сина кралска наметка, а Јован/Марија носи сина кралска блуза со црвена наметка. Исто така, ако го/ја поместите Јован/Марија на десно од Исус, ќе видите како главата совршено стои на рамото на Исус.

Според книгата, тајните на Светиот Грал, што ги чува Сионскиот Приориум се:

  • Светиот Грал не е чашка, туку жена – Марија Магдалена, која ја продолжила крвта на Исус.
  • Стариот француски израз за Светиот Грал, San gréal, всушност е игра од Sang Real, што буквално значи „царска крв“ на стар Француски.
  • Вистинскиот Грал се всушност документите што го докажуваат продолжувањето на крвта на Исус, како и коските на Марија Магдалена, кои биле скриени од Сионскиот Приоприум, можеби под капелата Рослин.
  • Црквата ја криела тајната за Марија Магдалена и Исус веќе 2000 години.
  • Марија Магдалена потекнува од кралско семејство, и е жената на Исус од куќата на Давид. Тоа што се вели дека е проститутка било измислено од црквата за да ја скрие вистинската врска. За време на распнувањето, таа била бремена, а по тоа заминала за Галија, каде што ја чувале Евреите од Марсеј. Родила ќерка, која ја нарекле Сара. Крвната линија на Исус и Марија продолжила во Меровнишката династија на Франција.
  • Постоењето на крвната линија била тајна која што била предадена во документите откриено од Крстоносците откако го освоиле Ерусалим во 1099. Сионскиот Приориум и Витезите-Темплари биле организирани за да ја чуваат тајната.

Според книгата, Тајните за Гралот се поврзани со Леонардо да Винчи. Леонардо бил член на Сионскиот Приориум и ја знаел тајната за Гралот. Тајната ја открил во Тајната вечера.

Главна статија: Кодот на Да Винчи (филм)

Филмска верзија е направена од Кодот на Да Винчи во 2006 година, со вкупна заработка од 750 милиони долари,[3] но воглавно со лоши критики. Писателот на филмската верзија, Акива Голдсмен беше повикан да направи и адаптација од Ангели и демони за филмското платно, чија премиера се очекува на крајот на 2008-ма година.

  1. Fiorillo, Katherine. „The 50 bestselling books of all time, from 'To Kill a Mockingbird' to 'The Fellowship of the Ring'. Business Insider (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  2. Fish, Tom (2021-09-13). „The 30 best selling books of all time“. Newsweek (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  3. „The Da Vinci Code“. Box Office Mojo. Посетено на 2022-01-29.