Прејди на содржината

Колебање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Непригушената обесена пружина претставува трепетен систем

Колебање, трепет[1] или осцилација (од лат. oscillatio = клатење)[2] — рамномерно движење на тело околу рамнотежната положба. Наизменично движење во спротивна насока (горе-долу; десно-лево). Телата кои го изведуваат ова движење се треперници (осцилатори). Секоја точка која претставува оддалеченост од рамнотежната положба се нарекува издолжување (елонгација), а најголемата оддалеченост е замавот (амплитудата). Кога колебањата се со постојана брзина и вечни, односно замавот да е константна тие колебања се викаат непридушени колебања, а кога замавот, поради губење на енергијата на треперникот се намалува, тогаш станува збор за придушени колебања.

Појавата на нагло растење на замавот на присилните механички колебања, во случај на совпаѓање на честотата (честотата) на надворешна периодична сила со честотата на треперникот, е наречена механичка резонанција. Треперникот кој ја прифаќа честотата на надворешната периодична сила се вика резонантор.[3]

Поврзани равенства

[уреди | уреди извор]
  • T=t/n, каде: Т - период на колебање, т.е. времето за едно колебање; t - време; n - број на колебања.
  • f=1/T - f (честота) - број на колебања по единица време.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Осцилација - онтологија — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „осцилација“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. Учебник по физика за 8 одд.