Прејди на содржината

Куп на шампиони 1968/69

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куп на шампиони 1968/69
Податоци за купот
Датуми18 септември 1968 - 28 мај 1969
Екипи32
Финале
ШампиониИталија Милан
(2. титула)
Вице-шампионХоландија Ајакс
Статистики за купот
Најдобар стрелец(и)Шкотска Денис Лоу (9 голови)

Куп на шампиони 1968/69 — 14-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето е одиграно на 28 мај 1969 година на стадионот Сантјаго Бернабеу во Мадрид, каде што Милан со резултат 4:1 го победил Ајакс, и така ја освоил својата втора титула во Купот на шампионите (претходно во 1963). Милан исто така на патот до титулата во полуфиналето го елиминирал Манчестер Јунајтед, бранител на титулата од претходната сезона.

Неколку клубови од источна Европа се повлекле од натпреварувањето поради тоа што УЕФА направила сите источноевропски клубови да играат едни против други, а тоа било направено затоа што западните држави се заканувале дека ќе го бојкотираат натпреварувањето поради инвазијата на СССР над Чехословачкаословачка. Англија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Манчестер Јунајтед, освојувач на Купот од претходната сезона, се натпреварувал и Манчестер Сити, првак на Англија од претходната сезона.

На секој натпревар биле дозволени две измени на играчи; биле воведени обавезни датуми за натпреварите (две недели помеѓу натпреварите), кои биле закажани во среда; правилото за гол на гости било проширено на целото натпреварување, а во случај клубовите по двата меча да изиграат нерешено се одигрувал трет одлучувачки меч.

Прво коло

[уреди | уреди извор]
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Малме Шведска 3:5 Италија Милан 2:1 1:4
Сент Етјен Франција 2:4 Шкотска Селтик 2:0 0:4
Црвена Ѕвезда Социјалистичка Федеративна Република Југославија 1 Источна Германија Карл Цајс Јена
Вотерфорд Јунајтед Ирска 2:10 Англија Манчестер Јунајтед 1:3 1:7
Андерлехт Белгија 5:2 Северна Ирска Гленторан 3:0 2:2
Розенборг Норвешка 4:6 Австрија Рапид Виена 1:3 3:3
Реал Мадрид Шпанија 12:0 Кипар АЕЛ Лимасол 6:0 6:0
Нирнберг Западна Германија 1:5 Холандија Ајакс 1:1 0:4
Манчестер Сити Англија 1:2 Турција Фенербахче 0:0 1:2
Валир Исланд 1:8 Португалија Бенфика 0:0 1:8
Флоријана Малта 1:3 Финска Рејпас Лахти 1:1 0:2
Стеауа Букурешт Романија 3:5 Чехословачка Спартак Трнава 3:1 0:4
АЕК Атина Кралство Грција 5:3 Луксембург Женес Еш 3:0 2:3
Цирих Швајцарија 3:4 Данска Академиск БК 1:3 2:1
Динамо Киев СССР 1 Полска Рух Хожов
Левски-Спартак Бугарија 1 Унгарија Ференцварош

1 Карл Цајс Јена, Динамо Киев, Рух Хожов, Левски Софија и Ференцварош се повлекле од натпреварувањето (погледнете вовед).

Осминафинале

[уреди | уреди извор]
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Селтик Шкотска 6:2 Социјалистичка Федеративна Република Југославија Црвена Ѕвезда 5:1 1:1
Манчестер Јунајтед Англија 4:3 Белгија Андерлехт 3:0 1:3
Рапид Виена Австрија 2:21 Шпанија Реал Мадрид 1–0 1–2
Ајакс Холандија 4:0 Турција Фенербахче 2:0 2:0
Рејпас Лахти Финска 2:16 Чехословачка Спартак Трнава 1:9 1:7
АЕК Атина Кралство Грција 2:0 Данска Академиск БК 0:0 2:0

Забелешка: Милан и Бенфика преку ждребка (која се одржувала поради отсуствувањето на источноевропските екипи) се пласирале директно во четвртфиналето.

1 Рапид Виена се квалификувала во четвртфиналето поради правилото за постигнати повеќе голови во гости.

Четвртфинале

[уреди | уреди извор]
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Милан Италија 1:0 Шкотска Селтик 0:0 1:0
Манчестер Јунајтед Англија 3:0 Австрија Рапид Виена 3:0 0:0
Ајакс Холандија 4:41 Португалија Бенфика 1:3 3:1
Спартак Трнава Чехословачка 3:2 Кралство Грција АЕК Атина 2:1 1:1

1 Ајакс ја победил Бенфику со 3:0 во одлучувачкиот меч и со тоа се пласирал во полуфиналето.

Полуфинале

[уреди | уреди извор]
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Милан Италија 2:1 Англија Манчестер Јунајтед 2:0 0:1
Ајакс Холандија 3:2 Чехословачка Спартак Трнава 3:0 0:2
29 мај 1967
Милан Италија 4 – 1 Холандија Ајакс Сантјаго Бернабеу, Мадрид
Публика: 31,782
Судија: Хосе Марија Ортиз де Мендибил (Шпанија)
Прати гол 7, 40, 75'
Сормани гол 67'
Васовиќ гол 60' (пен.)