Метох
Изглед
Метох (множина: метоси) (грчки: μετόχιον или μετόχι) – манастирска земја, манастирски имот[1], односно недвижен имот во сопственост на манастир. Се состои од религиозни и стопански објекти, како и објекти за живеење. Вообичаено се наоѓа во населено место и во него живеат и за него се грижат монаси и монахињи. Во него се изведуваат богослужби, се примаат исповедници, се организираат поклоненија.
Во текот на османлиското владеење, метосите, како и црквите и манастирите, биле центри на православната духовна култура, нејзино опстојување и зачувување на македонскиот идентитет. Во нив често постојат ќелијни училишта кои ја поддржуваат основната писменост.
Метоси во Македонија
[уреди | уреди извор]Попознати метоси во Македонија:
- Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица, метох на Бигорскиот манастир
- Црква „Св. Ахил Лариски“ - Требиште, метох на Бигорскиот манастир
- Црква „Собор на Светиот Архангел Гаврил“ — главна црква на Џепишкиот манастир, метох на Бигорскиот манастир;[2][3]
- Црква „Св. Петка“ – Љубаништа, метох на манастирот Свети Наум
- Манастир „Св. Спиридон Чудотворец“-Злетово, метох на Лесновскиот манастир[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006). Толковен речник на македонскиот јазик. III. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 126. ISBN 978-9989-640-70-4.
- ↑ Во посета на Бигорскиот метох посветен на Соборот на Светиот Архангел Гаврил
- ↑ „Бигорскиот манастир со денационализација си врати имот од 650 хектари“. Архивирано од изворникот на 2015-01-27. Посетено на 2016-11-13.
- ↑ Манастир „Свети Спиридон“ Злетово