Прејди на содржината

Мењхерт Лакатош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мењхерт Лакатош
Menyhért Lakatos
Роден(а)1 април 1926
Весте (Унгарија)
Починал(а)21 август 2007
Будимпешта
НационалностРом
Познат(а) поромани

Мењхерт Лакатош (унгарски: Menyhért Lakatos), (Весте (Унгарија), 1 април 1926 - Будимпешта, 21 август 2007) — унгарски ромски писател.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 11 април 1926 година во Весте, Унгарија. Од 1988 година бил претседател на унгарската ромска културна асоцијација (унгарски: Magyarországi Cigányok Kulturális Szövetsége).[3]

Неговата најпозната книга Füstös képek (Слики во чад, на англиски и француски јазик преведена како Бојата на чадот) е роман заснован на лично искуство, сместен во Втората светска војна. Претставува образовен роман[4] кој го прикажува животот во ромско село на североисток на Унгарија, од 1940 до германската окупација на земјата во 1944 година, кога Ромите биле сместени во логори на смртта. Иако е исполнет со анегдоти, ситен криминален заплет и адолесцентна еротика, ја прикажува дехуманизацијата на Ромите во општеството.[5][6]

Во Будимпешта постои училиште „Мењхерт Лакатош“.[7] Починал на 21 август 2007 година.

  • 1975: Füstös képek
    • Бугарски: Окадени картини, 1977
    • Германски: Bitterer Rauch. Verlag Volk und Welt. Берлин 1978 (ISBN 9783421018335), 1979, 1980, 1982.
    • Француски: Couleur de fumée : une épopée tzigane, Париз, Actes Sud, 1986.
    • Англиски: The Color of Smoke: An Epic Novel of the Roma, 2015, ISBN 0985062347
  • 1975: Angárka és Busladarfi
  • 1979: A hét szakállas farkas
  • 1979: A paramisák ivadékai
  • 1981: Az öreg fazék titka
  • 1981: Csandra szekere
    • Германски: Csandras Karren. Zigeunergeschichten. Volk und Welt, Берлин 1984.
  • 1982: Akik élni akarta
  • 1995: Hosszú éjszakák meséi
    • Германски: Märchen der langen Nächte. Ромска бајка. Wieser Verlag, Клагенфурт 2004 (ISBN 9783851294538), 1999.
  • 1998: A titok
  • 1999: Tenyérből mondtál jövendőt

Значајни награди:[8]

  • 2000: Национална награда за ромско самоуправување за животно дело
  • 1999: Награда на унгарскиот лаворов венец
  • 1995: Награда за книга на годината
  • 1993: Награда Атила Јожеф
  • 1976: Награда Атила Јожеф
  • 1976: Награда Милан Фуст
  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-10-28. Посетено на 2015-08-06.
  2. "Lakatos Menyhért" Архивирано на 4 март 2016 г., a bio at the Lakatos Menyhért School website, citing Lajos Rácz, Roma értelmiségiek arcképcsarnoka ISBN 963 00 5586 4
  3. "Lakatos Menyhért" Архивирано на 4 март 2016 г., a bio at the Lakatos Menyhért School website, citing Lajos Rácz, Roma értelmiségiek arcképcsarnoka ISBN 963 00 5586 4
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-12-18. Посетено на 2015-08-06.
  5. "Hungary's future: anti-immigration, anti-multiculturalism and anti-Roma?", August 4, 2015,
  6. Kovacshazy, Cécile. „To understand the Roma, you need to read their literature“.
  7. Károly, Barlog. „Lakatos Menyhért Általános Iskola és Gimnázium“. www.lakatosmenyhert-iskola.hu.
  8. "LAKATOS MENYHÉRT", Kortárs magyar írók (Contemporary Hungarian writers), 1998, ISBN 963-8477-31-8

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]