Прејди на содржината

Махараштра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Махараштра
Maharashtra - महाराष्ट्र
Држава: Индија
Главен град: Мумбај
Површина: 307.713 км2
Население: 96.752.247 (2001)
Густина на население: 314 жит/км2
Јазик: маратски
Религија: хиндуизам (80,2 %), ислам (10,2 %),
будизам (6%),<христијанство (1,0 %), и друге
Мрежно место: www.maharashtra.gov.in
Мапа
Положај Махараштре у Индији
Положај Махараштре у Индији
Планините во Махараштра

Махараштра е сојузна држава во Индија со површина од 307.713 км2 и 96.752.247 жители (сос: 1. јан. 2001). Густината на населението е 314 жит/км2. Втора е по население, а трета по површина во Индија. Најголемиот индиски град Мумбај (поранешен Бомбај) е главен град на Махараштра.

Поглед на Мумбај

Географија

[уреди | уреди извор]

Западните Гати претставуваат ридско подрачје пралелно со брегот, со просечна висина од 1200 метри. Западно се наоѓа Конкан крајбрежна низина, која е широка 50 до 80 км. Источно од Гата се простире висорамнината Декан. Западните Гати претставуваат подрачје каде извираат многу реки кои течат на југот од Индија. Тука извираат Годавари и реката Кришна.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Махараштра претставува втора индиска држава по бројот на население. Има 96.752.247 жители. Само 11 земји од светот имаат повеќе население од Махараштра. Градско население сочинува 42.4% од вкупното население. Службен јазик је маратскиот, кој го зборува мнозинството на населението. Сепак во Мумбај, како космополитски град се зборуваат и хинди, гуџаратски и англиски. Мнозинска религија е хиндуизмот со 80,2% верници, а муслиманите сочинуваат 10,2%, будистите 6%, а џаинисти и христијаните по 1%.

Најголеми градови

[уреди | уреди извор]

(Спрема пописот од 2001.)

Град Жители
Мумбај 11.914.398
Пуна 2.540.069
Нагпур 2.051.320
Тане 1.261.517
Калјан-Домбивали 1.193.266
Насик 1.076.967
Пимпри-Чинчвад 1.006.417
Шолапур 873.037
Аурантабад 872.667
Нави Мумбај 703.947
Биванди 598.703

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]