Нун
Изглед
Во египетската митологија, Нун или Ну е обоготворување на првобитната водена бездна.
Бидејќи претставува концепт, Нун нема пол, и се појавува и како женско и како машко, како што е случај со повеќето египетски божества. Како машко ова божество е претставено како жаба, или со глава на жаба, а во египетската уметност се појавува и како брадат човек со сино-зелена кожа. Во женска форма, ова божество е претставено како змија или жена со глава на змија.
Ну или Нун бил „отец на боговите“ и праотец на „големата заедница на боговите“; тој бил бог на првобитниот хаос или на првобитната водена маса од која се' произлегло.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ