Прејди на содржината

ОПОЈАЗ

Од Википедија — слободната енциклопедија

ОПОЈАЗ (OПOЯЗ; руски: Общество изучения Поэтического Языка, Друштво за проучување на поетскиот јазик) е истакнатa група јазичари и литературни критичари во Санкт Петербург основана во 1916 година, која се распаднала во почетокот на 1930-тите години. Групата ги вклучувала Виктор Шкловски, Борис Ејхенбаум, Осип Брик, и Јуриј Тињанов. Заедно со Московскиот јазичарички круг биле одговорни за развојот на рускиот формализам и книжевна семиотиката. Ова друштво се распаднало под политички притисок бидејќи поимот „формализам“ станал политички израз на срам во советската држава.