Прејди на содржината

Општење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општење

Општење или комуникацијапроцес на размена на информации низ заеднички систем на симболи. „Општење“ е академска дисциплина што го изучува општењето меѓу различните субјекти.

Општествена сврзувачка мрежа

[уреди | уреди извор]

Вкупноста на сите видови општење на луѓето во определено време, простор и определено општество ја сочинува општествената сврзувачка мрежа во која има формализирани и неформализирани сегменти.

  • Формализираните (институционализирани) сегменти на сврзувачката општествена мрежа се одвиваат низ бројни потсистеми на општествениот систем;
  • Неформализираните општења се одвиваат секојдневно во сите делови на општествениот живот.

Главните пречки при општењето

[уреди | уреди извор]
  1. Ограниченост на способноста на примачот — се однесува на околностите при кои изнесената информација може да биде и паметна и логична, но е претставена на многу високо ниво или во преголем број на информации, па примачот не може да ја внесе во себе;
  2. Попречување (спречување) — се однесува на надворешните фактори кои го спречуваат (попречуват) примањето на пораките од кои најважни се: дразбата која се натпреварува, стресот, внатрешниот стрес и непознавањето на средствата за општење;
  3. Премолчено (преќутно) претпоставување — ова е вообичаен начин на погрешно разбирање кога соговорникот го премолчува знаењето на некој збор или поим;
  4. Инкомпактибилност (несовпадливост) на шемите — шемата е трајна, длабоко вкоренета и добро организирана класификација на начинот на забележување, мислење и однесување. Луѓето со радикални различни шеми ги асимилираат и ги толкуваат податоците на различни начини;
  5. Влијанието на несвесните и делумно свесните механизми — се однесува на попречувањето предизвикано со очекувањата и предрасудите на другите лица, и тоа на различни нивоа на свесна контрола;
  6. Нејасно излагање — е очигледна пречка на успешното општење, со оглед на тоа што ја намалува нејзината успешност. Без оглед на тоа колку е интересна темата за која се зборува, лесно може да се случи да не се успее во пренесувањето на соопштението ако е тоа лошо изложено;
  7. Отсуство на канал за општење — оваа пречка може да изгледа премногу очигледна за да се вклучи. Отсуствот на каков било начин на поврезаност на потенцијалниот испраќач и примач значи всушност дека никакво општење не може да се воспостави.

Основни начела на условите за успешно општење

[уреди | уреди извор]
  1. Одреденоста (определеноста, дефинираноста) на јазичниот систем е прв услов на успешното општење, во смисла што мора точно да се знае во кој јазичен систем се употребуваат одредени симболи, термини и јазични изрази. (пр. во Македонскиот јазик „не“ значи негација, а во Грчкиот афирмација);
  2. Значењата на сите термини, а колки што е можно и на што повеќе изрази во рамките на еден систем мора да бидат колку што е можно поодредени, без разлика дали станува збор за еднозначни или повеќезначни зборови;
  3. Секој одделен термин, збор или симбол во рамките на еден јазичен систем или барем една теорија мора да биде точно одреден во своето значење и доследно употребуван во одредено значење. (пр. зборовите „маса“, „положба“, „импулс“ и сл. мораат да бидат еднозначно определени барем во рамките на една теорија;
  4. Јасните определенија на што поголем број термини во рамките на еден јазичен систем или барем во рамките на едно учење или теорија, го згоелмува степенот на успешноста на општењето на истите;
  5. Доколку значењата на одредени термини со променливи поими се менуваат, тие промени мораат да се имаат предвид, т.е. мораат точно да се одредат;
  6. Доколку се појават различни сфаќања на истите јазични термини или изрази, станува збор за т.н „терминолошки судар“, кој може да се избегне или разреши со прецизно дефинирање на значењата на употребените термини и јазични изрази;
  7. Во секое јазично-мисловно општење, треба, колку е можно повеќе да се избегнуваат произволните и личните сфаќања на значењето на термините, а што повеќе да се прифаќаат општо усвоените и објективни значења. Тоа значи дека на едни исти термини не треба да му даваме различни значења;
  8. Сам по себе, чисто објективно, ни еден термин не е ни точен, ни погрешен, ако не се води сметка за неговата поимна содржина. Така, општењето е поуспешно доколку се служиме со термини и изрази кои имаат точни и научно основани значења;
  9. При општење треба да се води сметка „кој“ употребува одреден термин или израз и „кому“ се тие наменети. За успешно општење треба да се води сметка за полот, возраста, образованието, професијата и животното искуство на „произведувачот“ и „примачот“ на пораката.

Видови општење

[уреди | уреди извор]

Општењето како тема во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Прекин во општењето“ (Communication Breakdown) — песна на британската рок-група „Лед зепелин“ (Led Zeppelin) од 1968 година.[1]
  • „Лошо општење“ (Ill Communication) — музички албум на американската рап-група „Бисти бојс“ (Beastie Boys) од 1994 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]