Прејди на содржината

Ордовик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палеогеографска карта на Земјата во средината на Ордовичар, пред 470 милиони години

Ордовикгеолошки период и систем од развитокот на Земјата, еден од шесте периоди во палеозојската ера. Опфаќа 41,2 милиони години, од крајот на камбрискиот период пред 485,4 милиони години до почетокот на силурскиот период пред 443,8 милиони години. Големиот Ордовик настан на биоразновидноста значително ја зголемил разновидноста на живиот свет. Рибите, првите вистински ’рбетници во светот, продолжиле да се развиваат, а оние со челусти за првпат се појавиле доцна во тој период. Живиот свет допрва започнал да се проширирува на копно. Околу 100 пати повеќе метеорити ја погодиле Земјата годишно за време на ордовик во споредба со денес.