Прејди на содржината

Порече низ историјата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Порече низ историјата
корица на книгата
АвторМилан Ристески
Изворен насловПорече низ историјата
Изработувач на
корицата
Ласко Џуровски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачНИО Студентски збор Скопје
Издадена
1982
Страници299

Порече низ историјата“ е книга на автoрот Милан Ристески, плод на неговото архивско и етнолошко истражување во периодот од 1962 - 1975 година. При пишувањето на хрониката користена е изворна мемоарска граѓа, разни списи од Архивот на Македонија и од Архивот на Прилеп како и разни написи публикувани во весници, списанија и посебни изданија на книги од разни автори.

Првиот дел ја опфаќа географската положба на Порече и населените места, најповеќе во периодот од пред Илинденското востание до 1912 година.

Вториот дел ги опфаќа позначајните настани од 1912 - 1941 година, особено Балканските војни и Првата светска војна.

Третиот дел го опфаќа периодот на Народноослободителната борба од 1941 - 1945 година.

Издавањето на книгата е потпомогнато од членовите на општествено-политичките органи и организации на општината Македонски Брод - Сојузот на борците, Собранието на Општината, Конференцијата на СКЈ и др.

Директор: Насте Стојкоски

Уредник: Мире Арсениевски

Лектура: Василка Бисеркоска

Коректура: Лазо Ристески

Технички уредник: Владо Богески

Нацрт на корица: Ласко Џуровски