Псков
Псков | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Локација во Русија | |||
Координати: 57°49′N 28°20′E / 57.817° СГШ; 28.333° ИГД | |||
Држава | Русија | ||
Фед. субјект | Псковска област | ||
Админ. центар на | Псковска област Псковски реон Град Псков | ||
Првпат спомнат | 903 г. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Иван Цецерскиј | ||
Површина | |||
• Вкупна | 95,60 км2 (3,690 ми2) | ||
Надм. вис. | 45 м | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | ▲ 208,145 | ||
• Густина | 2.177,25/км2 (563,910/ми2) | ||
Час. појас | МСК (UTC+3) | ||
Поштенски факс | 180xxx | ||
Повик. бр. | +7 8112 | ||
Мреж. место | http://www.pskovgorod.ru/ |
Псков — град и административен центар на Псковската област во Русија, сместен околу 20 километри источно од границата со Естонија, на реката Великаја. Според пописот од 2012 година, во градот живеат 203,279 лица.
Историја
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]Псков е еден од најстарите градови во Русија. Името на градот, кое првично било „Плесков“, може слободно да се преведе како "[градот] на жуборливи води". Градот првпат се спомнува во 903 година, во документ во кој пишува дека Игор I се оженил со локална девојка, Св. Олга. Псковјани оваа година ја сметаат за година на основање на градот, и во 2003 година бил прославен голем јубилеј од 1,100. годишнината на градот.
Прв кнез на Псков бил Судислав, најмладиот син на Владимир I Велики. Откако бил притворен од неговиот брат Јарослав, тој не бил ослободен сè додека Јарослав не починал неколку децении подоцна. Во 12. и 13. век, градот бил придодаден кон Новгородската Република. Во 1241 година, Псков бил заземен од Тевтонскиот ред, но Александар Невски повторно го освоил неколку месеци подоцна.
Со цел да обезбедат независност, Псковјаните избрале литвански кнез, Довмонт, кој бил католик преобратен во православната вера, за нивни воен предводник и кнез во 1266 година. Тој го изѕидал градот, ги победил тевтонците во една битка и го освоил поголемиот дел од Естонија. Неговите посмртни остатоци и мечот се наоѓаат во кремаљот во Псков, а тврдината која тој ја изградил сѐ уште го носи името „Давмонтов град“.
Псковска Република
[уреди | уреди извор]До 14. век, градот бил главен град на де факто суверената Псковска Република. Најмоќна сила на градот биле трговците кои го донеле до Ханза. Независноста на Псков формално била признаена од Новгород во 1348 година. Неколку години подоцна, вечето на градот донело на сила закон (наречен Повелба на Псков), кој бил еден од главните извори на серускиот законик издаден во 1497 година.
Псков бил еден од најзападните руски градови и една од најзначајните врски со Европа. Поради неговата важност, градот бил мета на разни напади низ својата историја. Псковскиот Кром (или Кремаљ) издржал дваесет и шест опсади само во 15. век. Во еден момент, градот бил опкружен со пет камени ѕидови, правејќи го практично непробоен. Во градот во тој период просперирало иконописно училиште, кое било сметано за најдобро во Русија. Многу карактеристични одлики од руската архитектура првпат биле воведени во Псков.
Конечно, во 1510 година, градот бил потпаднал под Московското Кнежевство.[1] Депортацијата на благородничките семејства во Москва е предмет на операта Псковитјанка (1872) од Николај Римски-Корсаков. Како втор најголем град во Московското Кнежевство, Псков сѐ уште бил привлечен за непријателските војски. Градот издржал долготрајна опсада 50,000-силна полска војска во текот на последната етапа од Ливонската војна (1581–1582). Кралот на Полска, Стефан Батори извршил околу триесет напади за да влезе во градот, кој бил бранет главно од цивили. Дури и кога еден од ѕидовите паднал, Псковјаните успеале да ја пополнат празнината и да го одбијат нападот. „Неверојатно е како градот ме потсеќа на Париз“, напишал еден од французите кој присуствувал на опсадата предводена од Батори.
Модерна историја
[уреди | уреди извор]Освојувањето на Естонија и Латвија од страна на Петар Велики во текот на Големата северна војна во почетокот на 18. век го означил крајот на традиционалната улога на Псков како витална гранична тврдина и како порта кон внатрешниот дел на Русија. Како последица, значајноста на градот опаднала драматично, иако тој служел како седиште на одделната Псковска губернија од 1777 година.
Во текот на првата светска војна, Псков станал центар на поголемиот дел активности позади првиот фронт и по Руско-Германската мировна конференција (22 декември 1917 - 3 март 1918), во зимата 1917-1918 германската царска војска извршила инвазија на овој простор. Псков исто така бил окупиран од естонскките воени сили помеѓу 25 мај 1919 и 28 август 1919 година во текот на естонската војна за независност.
Под советска власт, големи делови од градот биле повторно изградени, многу стари градби, претежно цркви, биле срушени за да се направи простор за нови објекти. Во текот на втората светска војна, средновековната цитадела обезбедила мала заштита против модерната артилерија на Вермахт, и Псков претрпел зналителна штета за време на германската окупација од 9 јули 1941 до 23 јули 1944 година. Голем дел од населението умрело за време на војната, и Псков оттогаш се борел да ја задржи својата традиционална позиција како голем индустриски и културен центар на западна Русија.
Административен и општински статус
[уреди | уреди извор]Псков е административен центар на Псковската област и, во рамките на административнaта поделба, исто така служи како административен центар на Псковскиот реон, иако не е дел од него.[2] Во административната поделба, тој е инкорпориран посебно како град Псков— административна единица со статус еднаков на областите.[2] Во општинската поделба, градот Псков е инкорпориран како Псковски урбан округ.[3]
Обележја и знаменитости
[уреди | уреди извор]Псков сѐ уште задржува голем дел од своите средновековни ѕидини, изградени од 13. век. Цитаделата во градот се нарекува Кром или Кремљ. Во внатрешноста на ѕидините се наоѓа 78 метри високата Катедрала на светото Тројство, основана во 1138 година и повторно изградена во 1690 години. Катедралата ги содржи гробовите на светите кнезови Васеловод (починал во 1138 г.) и Довмонт (починал во 1299 г.). Други стари катедрали се Мирошкиот манастир (изграден во 1152 г.), познат по своите фрески од 12. век, манастирот „Св. Јован“ (изграден во 1243 г.), и Снетогорскиот манастир (изграден во 1310 г.).
Псков е извонредно богат со мали, живописни цркви, кои датираат главно од 15. и 16. век. Најзначајни се црквите „Св. Василиј“ на брдото (1413), „Св. Козма и Дамјан“ близу мостот (1463), „Св. Георги“ на дното на брдото (1494), „Успесение“ (1444, 1521), и „Св. Никола“ на Усока (1536). Станбената архитектура од 17. век е застапена кај трговските вили: Куќа на солта, палатата Поганкин, и вилата Трубински.
Меѓу знаменитостите во околината на Псков се Изборск, седиштето на братот на Рурик во 9. век и една од најимпресивните тврдини на средновековна Русија; Псковско-печерскиот манастир, најстариот функционален манастир во Русија и магнет за верници од целата држава; Крипецкиот манастир од 16. век; Јелеазаровиот манастир, кој бил голем културен и книжевен центар на средновековна Русија; и Михајловскиот музеј, домот на Александар Пушкин каде тој напишал некои од неговите најдобри редови од рускиот јазик.
Клима
[уреди | уреди извор]Псков се одликува со Умерено-континентална клима со поморски влијанија поради релативнта близина на градот до Балтичкото Море и Финскиот Залив; со релативно меки (за Русија) но долги зими (обично пет месеци во годината) и топли лета. Повеќе врнежи од дожд има во лето и есен, отколку во пролет и зима.
Климатски податоци за Псков | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 9.8 (49.6) |
11.3 (52.3) |
18.5 (65.3) |
27.6 (81.7) |
32.0 (89.6) |
32.6 (90.7) |
35.0 (95) |
35.6 (96.1) |
30.3 (86.5) |
22.6 (72.7) |
14.1 (57.4) |
10.9 (51.6) |
35.6 (96.1) |
Прос. висока °C (°F) | −2.7 (27.1) |
−2.4 (27.7) |
2.8 (37) |
11.3 (52.3) |
17.9 (64.2) |
21.1 (70) |
23.6 (74.5) |
21.8 (71.2) |
15.7 (60.3) |
9.2 (48.6) |
2.2 (36) |
−1.6 (29.1) |
9.9 (49.8) |
Сред. дневна °C (°F) | −5.1 (22.8) |
−5.7 (21.7) |
−1 (30) |
6.1 (43) |
12.2 (54) |
15.8 (60.4) |
18.3 (64.9) |
16.5 (61.7) |
11.1 (52) |
5.8 (42.4) |
0.0 (32) |
−3.8 (25.2) |
5.9 (42.6) |
Прос. ниска °C (°F) | −7.9 (17.8) |
−9.1 (15.6) |
−4.6 (23.7) |
1.4 (34.5) |
6.6 (43.9) |
10.7 (51.3) |
13.0 (55.4) |
11.5 (52.7) |
7.0 (44.6) |
2.8 (37) |
−2.2 (28) |
−6.3 (20.7) |
1.9 (35.4) |
Најниска забележана °C (°F) | −40.6 (−41.1) |
−37.6 (−35.7) |
−29.7 (−21.5) |
−20.9 (−5.6) |
−5.1 (22.8) |
−0.1 (31.8) |
2.7 (36.9) |
1.3 (34.3) |
−4.6 (23.7) |
−12.5 (9.5) |
−23.8 (−10.8) |
−40.3 (−40.5) |
−40.6 (−41.1) |
Прос. врнежи мм (ин) | 35 (1.38) |
29 (1.14) |
31 (1.22) |
37 (1.46) |
45 (1.77) |
67 (2.64) |
77 (3.03) |
77 (3.03) |
66 (2.6) |
51 (2.01) |
53 (2.09) |
46 (1.81) |
614 (24.17) |
Извор: Pogoda.ru.net[4] |
Значајни личности
[уреди | уреди извор]- Александр Бастријкин (роден 1953 г.), шеф на Истражниот комитет на Русија
- Нина Черемисина (родена 1946 г.), поранешна веслачка и олимписка медалистка
- Валентин Черњих (1935–2012), сценарист
- Марија Фадеева (родена 1958 г.), поранешна веслачка и олимписка медалистка
- Сергеј Федоров (роден 1969 г.), хокеар
- Оксана Федорова (родена 1977 г.), Мис на Русија 2001, Мис Универзум 2002
- Вениамин Каверин (1902–1989), писател
- Јаков Књажин (1740–1791), најистакнат автор на трагедии
- Олег Лаврентијев (1926–2011), советски, руски и украински физичар
- Кронид Љубарски (1934–1996), новинар, дисидент и активист за човекови права
- Сергеј Матвејев (роден 1972 г.), поранешен олимпики веслач
- Борис Меиснер (1915–2003), германски адвокат и општествен научник
- Михаил Минин (1922–2008), првиот војник кој подигнал советско знаме на врвот на зградата на Рајхтагот во текот на Битката за Берлин
- Афанасиј Ордин-Нашчкокин (1605–1680), еден од најистакнатите руски државници во 17. век
- Јулија Пересиљд (роден 1984 г.), театарска и филмска глумица
- Валериј Прокопенко (1941–2010), почесен граѓанин, одликуван веслачки требер на СССР и Русија
- Георг фон Раух (1904–1991) историчар
- Светлана Семјенова (родена 1958 г), поранешна веслачка и олимписка медалистка
- Константин Шабанов (роден 1989 г), атлетичар
- Николај Скридлов (1844–1918), адмирал во руската империска морнарица
- Владимир Смирнов (роден 1957 г.), руски стопанственик
- Галина Советникова (родена 1955 г.), поранешна веслачка и олимписка медалистка
- Марина Студнева (родена 1959 г.), поранешна веслачка и олимписка медалистка
- Максим Воробиев (1787–1855), пејсажен сликар
- Фердинанд Врангел (1797–1870), истражувач и морепловец
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Псков е збратимен со следниве градови:[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Maclean, Fitzroy (March 18, 1979). Pskov: A Journey Into Russia's Past, The New York Times
- ↑ 2,0 2,1 Law #833-oz
- ↑ Law #419-oz.
- ↑ „Pogoda.ru.net“ (руски). Архивирано од изворникот на 2011-05-23. Посетено на September 8, 2007.
- ↑ Города-побратимы (Twin cities) Архивирано на 11 јули 2012 г.. Краеведческий Архив Псковской области. Retrieved 2010-02-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница (руски)
- Nortfort.ru. Pskov fortress
- The Pskov Power. Archive of the Pskov area of regional studies
- Annette M. B. Meakin (1906). „Pskoff“. Russia, Travels and Studies. London: Hurst and Blackett. OCLC 3664651.
- „Pskov“. The Encyclopaedia Britannica (11. изд.). New York: Encyclopaedia Britannica. 1910. OCLC 14782424.
|