Хекаба
Изглед
Хекаба (старогрчки: Ἑκάβη = „онаа која се оддалечува“) — лик од старогрчката митологија, втората сопруга на тројанскиот крал Пријам, ќерка на Димант од Фризија. Според еден мит, таа била претворена во куче чиј скаменет лик може да се види на тракискиот брег. Според друг мит, по пропаста на Троја, таа му припаднала како робинка на Одисеј и тогаш од очај скокнала во Хелеспонт. Според трета верзија, посакувајќи ја својата смрт, таа се нафрлила на Хелена со страшни навреди, па војниците ја убиле, а местото каде што ја закопале го нарекле Кучешки гроб.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165.