Хаифа
Хаифа
| |||
---|---|---|---|
City | |||
| |||
Map of Haifa | |||
Grid position | 145/246 PAL | ||
Country | Israel | ||
District | Предлошка:Country data Haifa District | ||
Founded | 1st century CE | ||
Управа | |||
• Mayor | Einat Kalisch-Rotem | ||
Површина | |||
• City | Предлошка:Infobox settlement/dunam | ||
Население (Предлошка:Israel populations)Предлошка:Israel populations | |||
• City | Предлошка:Israel populations | ||
• Градскo | 600,000 | ||
• Метро | 1,050,000 | ||
Мреж. место | www.haifa.muni.il |
Хаифа — град во Израел со население од околу 280.000 жители и уште 300.000 во неговата непосредна околина. Градот се наоѓа на брегот на Средоземното Море, под планината Кармел, која е прогласена за национален парк.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Уште во 1888 година, во Хаифа била изградена железничка пруга. Покрај автобускиот превоз, во Хаифа оперира и надземното „метро“ наречено „Кармелит“, а од планината Кармел до морскиот брег се спушта жичарница. Исто така, во градот се наоѓаат пристаништата Хаифа и Кишон, а во близината на градот има аеродром.[1]
Трговски центри
[уреди | уреди извор]Хаифа располага со бројни трговски центри, како:[1]
- Трговски центар Хаифа Аудиториум
- Трговско-забавен центар Кастра
- Трговски центар Синемол - Лев Ха'мифрац
- Градски центар
- Хаифа мол
- Центарот Хорев
- Хуцот Ха'мифрац
- Големиот кањон, најголемиот трговско-забавен центар во Израел
- Центарот Панорама
- Пазарот Талпиот
Религиозни места
[уреди | уреди извор]Во Хаифа се наоѓаат неколку свети места од неколку различни религии:[1]
- Кабабир - мала заедница (село) населено со припадниците на муслиманската секта на Ахмед. Селото се наоѓа во непосредна близина на центарот Кармел, а во селото се наоѓа џамијата на Махмуд.
- Пештерата на пророкот Илија (Ме'арат Елијаху)
- Манастирот Stella Maris.
- Градината на Бахаи со светилиштето - светски центар на религијата Бахаи.
Германската колонија
[уреди | уреди извор]Во центарот на градот, од Градината Бахаи до пристаништето Хаифа, долж авенијата Бен Гурион се протега Германската колонија, која е една од главните туристички знаменистости на Хаифа.[1]
Културни и образовни институции
[уреди | уреди извор]Најпознати институции од областа на образованието, уметноста и културата во Хаифа се:[1]
- Универзитетот на Хаифа, сместен на планината Кармел, на надморска висина од 480 метри. Во рамките на универзитетот особено се истакнуваат главната зграда (облакодерот Ешкол) и археолошкиот музеј.
- Технион, т.е. Технолошкиот институт за високо образование, најпознатиот технолошки универзитет во Израел, сместен во квартот Неве Ша'анан
- Уметничката куќа Шагал
- Музејот на имиграцијата и поморството
- Музејот на житарици Дагон
- Железничкиот музеј на Хаифа, сместен во камена отоманска зграда во историскиот дел на Источна Хаифа
- Музејот на Мане Кац
- Мадатех - Националниот музеј на Израел за наука, технологија и вселенски истражувања
- Центарот за посетители во состав на електричната централа на Израелската електрична корпорација
- Музејот на Реубен и Едит Хехт
- Музејот на уметноста на Хаифа
- Националниот поморски музеј
- Музејот на Хаифа (Беит Ха'ам), сместен во Беит Ха'ам, првата изградена куќа во Германската колонија, која првобитно служела како конференциска сала и како училиште
- Музејот на јапонска уметност Тикотин
- Музејот на Херман Шрук
- Преисторискиот музеј Стекелис
Паркови
[уреди | уреди извор]Во Хаифа постојат повеќе паркови, како:[1]
- Градина на мајките (Ган Ха'ем)
- Спомен -парк, посветен на израеслките војници од Хаифа кои загинале во војните што ги водел Израел
- Градина на скулптурите, со 29 бронзени скулптури на уметничката Урсула Марбин
- Зоолошка градина
- Паркот Хехт, најголемиот парк во Хаифа кој се протега меѓу плажата Дадо и Израелскиот океанографски и лимнолошки истражувачки центар
Плажи
[уреди | уреди извор]Најпознати плажи во Хаифа се:[1]
- Променадата Бат Галим
- плажата Замир
- плажата Дадо
- плажата Јужен Дадо
Наводи
[уреди | уреди извор]
|