Црква „Св. Никола“ - Македонски Брод
Изглед
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Бродска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Македонски Брод |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 14 век 18 век 1933 |
Архитектонски опис |
Свети Никола претставува православна црква во Македонски Брод.[1] Црквата е единствена по тоа што е позната и под името Турбе и претставува и храм за муслиманите алевити. На ѕидовите има фрески од Свети Илија, Девица Марија и Исус, но и слики од бектешкиот светец Али. На средината на просторијата е гробот на бектешкиот светец Хадер Баба, а околу него се послани муслимански простирки за молитва. Овој објект е изграден во 14 век како црква изградена од кралот Урош Трети, која била опустошена кога во регионот дошле Турците Османлии. Но извесен Асан-беј повторно ја обновил во XVIII век за да ја тргне клетвата од сарајот кој преку ден го градел, а ноќе се уривал. Подоцна е обновена во 1933 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Богородица“ - изградена во 1872 година и претставува главна парохиска црква на Бродската парохија;
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - изградена во 1998 година;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |