Роза
Роза[1], ружа[2], трендафил[3] или ѓул[4] (латински Rosa) е растение од родот на дрвенести билки, од фамилијата „Rosaceae“. Розите се одгледуваат заради убавиот мирис на цветовите, така што се создадени бројни хибридни видови рози. Постојат голем број диви рози, чии плодови се богати со витамин Ц. Покрај како украсно цвеќе, розите се користат и во: козметиката, медицината и готварството.
Ботаника
[уреди | уреди извор]Листовите на розата се наизменично поврзани на стеблото. Кај повеќето видови, листот е долг 5-15 сантиметри. Повеќето рози се листопадни, но постојат и некои видови (најчесто од Југоисточна Азија) кои се зимзелени или речиси зимзелени билки.
Систематика
[уреди | уреди извор]Според родот, розите се делат на:
- Hulthemia
- Hesperrhodos
- Platyrhodon
- Rosa
- anksianae
- Bracteatae
- Caninae
- Carolinae
- Chinensis
- Gallicanae
- Gymnocarpae
- Laevigatae
- impinellifoliae
- Rosa
- Synstylae
Употреба на розата
[уреди | уреди извор]Розата во козметиката
[уреди | уреди извор]Во козметиката, розата најмногу се користи како етерично масло или за мирис (екстракт) кое се додава во парфеми, шампони или разни креми.
Розата во готварството
[уреди | уреди извор]Во готварството, розата често служи како зачин, но во некои краеви (Бугарија) се прави слатко или џем од роза.
Розата во медицината
[уреди | уреди извор]Розата (особено дивата роза) се користи за подготовка на чај, а некои состојки од розата се користат за правење лекови.
Розата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Розата како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Девојката ѝ се жали на розата“ (српски: Дјевојка се тужи ђулу) - српска народна песна.[5]
- „Розата на Парацелзус“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[6]
- „Роза“ — песна на грчката поетеса Рита Буми - Папа.[7]
- „Дива ружа“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[8]
- „Две рози“ - песна на рускиот поет Николај Гумиљов од 1911 година.[9]
- „Старецот и розата“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[10]
- „Името на розата“ (италијански: Il nome della rosa) - роман на италијанскиот писател Умберто Еко од 1980 година.[11]
- „Розата на светот“ (англиски: The Rose of the World) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[12]
- „Копачење“ — краток прозен текст на македонскиот писател Блаже Конески од 1974 година.[13]
- „Ружа“ — поетизирана проза на Блаже Конески од 1961 година.[14] [15]
- „Ружа“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[16]
- „Некој чепка по ови рози“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1950 година.[17]
- „Рози за Сапфо“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[18]
- „Нарцис и розата“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[19]
- „Поезија во облик на роза“ (Poesia in forma di rosa) - поетска збирка на италијанскиот писател Пјер Паоло Пазолини од 1964 година.[20]
- „Роза“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[21]
- „Славеј и роза“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[22]
- „Зелената роза“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1959-1960 година.[23]
- „Во мугрите дење-ноќе со црвена роза“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 2001 година.[24]
- „Трендафил“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[25]
Розата како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Офицерот со роза“ - југословенски филм на режисерот Дејан Шорак.[26]
Розата како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Камени рози“ (англиски: The Stone Roses) - британска рок-група.[27]
- „Отруена роза“ (англиски: Poisoned Rose) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[28]
- „Рози во болницата“ (англиски: Roses In The Hospital) — песна на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.[29]
- „Роза што лази“ (англиски: Ramblin' Rose) - песна на американската рок-група МЦ5 (MC5) од 1969 година.[30]
- „Последната жива роза“ (The Last Living Rose) - песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[31]
- „Црвени рози за мене“ (англиски: Red Roses For Me) - албум на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[32]
- „Прериска роза“ (англиски: Prairie Rose) - песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1974 година.[33]
- „Парада на рози“ (англиски: Rose Parade) - песна на американскиот пејач Елиот Смит (Elliott Smith) од 1997 година.[34]
- „Рози во снегот“ (англиски: Roses In The Snow) - песна од истоимениот албум на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[35]
Розата во македонските народни песни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Роза“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Ружа“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Трендафил“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Ѓул“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 47.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016, стр. 40-48.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 50.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 16.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 21.
- ↑ Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 89-90.
- ↑ Umberto Eco, Ime ruže. Zagreb: Grafički zavod Hrvatske, 1984.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 58.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 162.
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 16.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 165.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 9.
- ↑ Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 93-96.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 71-72.
- ↑ Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 34-35.
- ↑ Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 91.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 53.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 148.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 176-179.
- ↑ Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 219-221.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 57-59.
- ↑ Антена, број 814, 31.1.2014, стр. 14.
- ↑ Стоун Роузес, официјално мрежно место (пристапено на 20.1.2017)
- ↑ DISCOGS, The Costello Show Featuring The Attractions And Confederates* – King Of America (пристапено на 26.3.2018)
- ↑ Manic Street Preachers – Gold Against The Soul (пристапено на 3.3.2023)
- ↑ DISCOGS, MC5 – Kick Out The Jams (пристапено на 15.1.2020)
- ↑ DISCOGS, PJ Harvey – Let England Shake (пристапено на 3.4.2021)
- ↑ YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
- ↑ YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)
- ↑ YouTube, Elliott Smith - Either/Or (Full Album) (пристапено на 20.1.2017)
- ↑ DISCOGS, Emmylou Harris – Roses In The Snow (пристапено на 8.10.2018)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Роза“ на Ризницата ? |