Самоа
Malo Sa'oloto Tuto'atasi o Samoa
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Fa'avae i le Atua Samoa (англиски: Самоа се заснова на Господа) |
||||||
Химна: „Знаме на слободата“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Апија 13°50′S 171°45′W / 13.833° ЈГШ; 171.750° ЗГД | |||||
Службен јазик | самоански, англиски | |||||
Демоним | Самоанец, Самоанка | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | О ле Ао о ле Мало (Шеф на држава) |
Туфуга Ефи | ||||
• | Премиер | Наоми Матаафа | ||||
Независност | од Нов Зеланд | |||||
• | Датум | 1 јануари 1962 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,831 км2 (174-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.3% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2008 г. | 188,540 (166та) | ||||
• | Попис 2006 | 179,186 | ||||
• | Густина | 65 жит/км2 (134-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $1.100 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $5,732[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $537 милиони[1] | ||||
• | По жител | $2,797[1] | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.694[2] среден · 106та |
|||||
Валута | Тала (WST ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-10) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .ws | |||||
Повик. бр. | 685 |
Самоа, официјално Независна Држава Самоа, е островска држава во Тихиот Океан. Се наоѓа во западниот дел од Самоанските Острови во јужниот дел од Тихиот Океан. Од 1900 до 1919 година се нарекуваше Германска Самоа, а од 1914 до 1997 година како Западна Самоа. Двата најголеми острови во оваа држава се Савај и Уполу. Главен град на државата е Апија. Целата група на острови ја вклучува и Американска Самоа.
Историја
[уреди | уреди извор]Прв контакт на Самоа со Европејците имало во XVIII век кога холанѓанецот Јакоб Рогевен пристигнал на островите во 1722. Оваа посета била проследена од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенвил и ги именувал островите со името Навигаторски Острови во 1768. Следниот период контак со Европејците имало послабо, сè до 1830-тите кога англиските мисионери и трговци започнале да надоаѓаат. Мисионерските работи во Самоа започнале во 1830 од страна на Џон Вилијамс. Сè до тогаш Самоанците биле сметани за дивјаци и љубители на војни.
Како што Германците започнале да покажуваат поголем интерес за Самоанските Острови, САД изјавиле свој интерес врз нив. Покрај нив и Британија пројавила интерес за островите и тоа било проследено од шестгодишна граѓанска војна каде сите три сили се бореле за превласт. Војските сè повеќе се наоружувале и на повидок била голема војна, но за среќа во тој период имало силна бура која ја уништила сета воена опрема на војските и со тоа војната прекинала. На почетокот на XX век се потпишал Трипартиската конвенција кога државата била поделена на два дела: источниот дел потпаднал под власт на САД и е познат денес како Американска Самоа, додека западниот дел од државата потпаднал под власт на Германија и денес е република Самоа. Британија отстапила од Самоа бидејќи добила контрола на Тонга, делови од Соломонските Острови и Западна Африка кои претходно биле под германска контрола.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Државата се наоѓа јужно од екваторот, на пола пат од Хаваи до Нов Зеланд во регионот Полинезија во Океанија. Вкупната површина на Самоа изнесува околу 2.934 км2 и е составена од два големи острови Уполу и Саваи и тие два острови сочинуваат 99% од вкупната територија на Самоа. Покрај овие два има и други помали острови. Островот Уполу е дом на три-четвртини од населението на Самоа и на тој остров се наоѓа главниот град - Апија. Најголем остров е Саваи и има население од 42.000 жители.
Климата на Самоа е тропска со просечна температура од 26.5 °C и со дождлива сезона од ноември до април.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Уставот на Самоа е заснован на британскиот парламентарен систем со одредени прилагодувања. Двајца шефови на државата биле назначени за доживотни водачи на Самоа и тоа биле Тупуа Тамасесе Меаоле, кој умрел во 1963 и Малиетоа Танумафили кој бил шеф на државата сè до неговата смрт на 11 мај 2007 година. Наредниот водач на Самоа бил Туиатуа Тупуа Тамасесе Ефи кој бил избран на 17 јуни 2007 за мандат од пет години.
Парламентот на Самоа (фоно) е составен од 49 членови со мандат од пет години. Премиерот го избира парламентот. Премиерот избира 12 министри за кабинетот.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Самоа е составена од 11 окрузи и тие се истите области кои функционирале пред доаѓањето на Европејците на Самоа. Главниот центар на секоја област е задолжена за нормално функционирање на областа.
Уполу (со малите острови) |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Економијата на Самоа се засновала и се заснова на финансиска помош од странство и од самоански фамилии кои живеат во странство. Покрај тоа таа се заснова и на извозот на земјоделски производи каде се вработени две-третини од работоспособното население на земјата. Во Самоа се произведува кокосово масло, кокосов крем и копра. Производствениот сектор на Самоа се занимава со земјоделски производи.
БНП на земјата во 2006 година бил проценет на 1.218 милијарди американски долари.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Според ЦИА, Самоа има население од 182.265 жители од кои 92.6% се Самоанци, 7% мешано население и 0.4% Европејци. Повеќето Европејци се Германци и Новозеланѓани кои останале во Самоа после Првата светска војна. Околу три-четвртини од населението живее на островот Уполу.
Околу 98% од Самоанците се христијани поделени на повеќе цркви.
Култура во Самоа
[уреди | уреди извор]Традиционалниот самоански начин на живот е сè уште силен елемент во земјата. Покрај вековното европско влијание, Самоа ги зачувала старите традиционални вредности, обичаи, социјалниот и политичкиот систем и јазикот. Самоанците се многу духовен и религиозен народ и успешно го вклопиле христијанството во својата традиција.
Самоанците имаал свои богови и се зачувани како митолошки приказни. Традиционалниот самонаски начин на живот се заснова на односите помеѓу луѓето.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Самоа на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Влада на Самоа
- Шеф на државата и кабинетот Архивирано на 17 септември 2013 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Самоа“ (англиски)
- Самоа на UCB Архивирано на 19 ноември 2010 г.
- Самоа на Curlie (англиски)
- Друго
- Рагби лига на Самоа
- Самоански речник Архивирано на 9 ноември 2010 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|