Требник
Требник,[1][2] обредник,[3][4] молитвеник[5][6] или евхологиј (грчки: εὐχολόγιον) — православна богослужбена книга што содржи излагање на свештенички дела и молитви кои се извршуваат за потреба и по барање на едно или повеќе лица, во одредени околности. Ваквите свештенички дејности ги вклучуваат, пред сè, делата на сите Свети тајни, потоа чинот на погребување на покојникот, осветувањето на водата, монашење, осветувањето на храмовите и многу други кои се однесуваат за различни случаи од христијанскиот живот. Постојат голем, мал и дополнителен требник.
Голем требник
[уреди | уреди извор]Големиот требник се состои од два дела: првиот дел го содржи поредокот на Светите тајни и другите свештенички активности кои го придружуваат човекот од раѓање до смрт и после тоа. Вториот дел содржи кратки молитви за различни цели. Како додаток во требникот се вклучени и месецослов и „Список на христијански имиња по азбучен ред“.
Мал требник
[уреди | уреди извор]Малиот требник е извадок од Големиот требник направен за потребите на молитвата вон храмот.
Дополнителен требник
[уреди | уреди извор]Дополнителниот требник содржи чинови на осветување на храмот и работи кои му припаѓаат на храмот, како што се разни црковни предмети, одежди, икони и слично. Овој дополнителен требник често се комбинира во една книга со Малиот требник.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „требник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „требник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „обредник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „обредник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „молитвеник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „молитвеник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogosluzbeni/Liturgika/Liturgika_08.htm Архивирано на 4 ноември 2012 г. Архиепископ АВЕРКИЈЕ (Таушев) ЛИТУРГИКА, ПОЈМОВНИК ПРАВОСЛАВНОГ БОГОСЛУЖЕЊА, 7. БОГОСЛУЖБЕНЕ КЊИГЕ, Књиге за посебно богослужење
|