Прејди на содржината

Тројан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тројан,
Бугарија Бугарија

Тројан

Тројан

Област

Ловечка

Општина

Тројан

Население

26 549
(според 2006)

Регистарска ознака

ОВ (BG)
Градоначалник Минко Акимов (ГЕРБ)
Надморска височина 400 м
Портал http://www.troyan.bg/
Координати: 42° 53′ С, 24° 43′ И

Тројан (бугарски: Троян) — град во северна Бугарија, Ловечка област, на 35 км јужно од Ловеч. Сместен е меѓу двата брега на реката Бели Осам, на северните падини на Стара планина. Последна станицa на железничката линија Левски-Тројан. Има автопатишта кон Ловеч, Тетевен, Севлиево, Априлци, а низ Тројанскиот премин кон Карлово и Пловдив. Тројан е втор по големина во областа по Ловеч и административен центар на истоимената општина.

Тројан изникнува во ХV век како населба во влезот од Тројанскиот премин. Името го добива според централното од римските патишта Виа Трајана (меѓу Дунав и Белото Море). Од времето на Траките се откриени керамички и бронзени садови, монети, камени и коскени предмети.

Во 1871 г. бугарскиот револуционер Васил Левски создава револуционерен комитет.

Тројанскиот манастир "Успение Богородично" е трет наjголем во Бугарија, каде се чува и чудотворната икона на Богородица Трорачица.

Во с. Орешак се организира "Националната изложба на народните и уметничките занаети".

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Крај Тројан се наоѓаат природните резервати - Козја стена, Стенето, Северен џендем, кои се дел од Националниот парк "Централен Балкан" - познат со единствениот растителен и животински свет. Во резерватот Северен Џендем се изброени 30 водопади со височина над 20 м. Интересно карпеста форма е камениот свод “Крали-Маркова дупка”, покрај планинарскиот дом "Амбарица".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]