Прејди на содржината

.us

Од Википедија — слободната енциклопедија
.us
Воведен1985
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарNeustar
ПокровителДепартмент за трговија на САД
Наменета употребаЕнтитети поврзани со
САД
Фактичка употребаДоменот се користел од државните и локални власти во САД, но повеќето се префрлиле на .GOV.
Мала употреба од амаериканските бизиниси,користен како доменски кратенки (пример del.icio.us),повеќето бизниси и трговски претпријатија го користат доменот.com.
Регистрирани домени1.829.507 (април 2014)[1]
Ограничувања на рестрацијатаусловот за вопоставена врска може да се наметне со оспорување, но тоа ретко се случува.
СоставПрвично регистрациите биле доста сложени, трета и четврта хиерархија, но сега се дозволени директни воторостепени регистрации.
ДокументиRFC 1480; USDoC agreements with Neustar
Правила при спорusTLD Dispute Resolution Policy (usDRP)
Мреж. местоnic.us
DNSSECда

.usнајвисок државен домен за САД кој бил воспоставен во 1985 година. Барателите мора да се амаерикански граѓани, жители или организации или надворешни претпријатија со присуство на територијата на САД. повеќето записи се на домените .com, .net, .org и други високи домени,.us, коис е користел од државните и месните власти и покрај тоа што секој можел да се регистрира на доменот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првичниот управител на доменот .us бил Џон Постел од Институтот за информатички науки на Универзитетот Јужна Калифорнија. Го управувал .us со поддоговор со SRI International и подоцна со Network Solutions. Барателите можеле само да регистрираат третостепени домени или повисоки по географска и организациска хиерархија. Поголемиот дел од географските поддомени на .us биле распределени на различни приватни енетитети, и .us регистрантите можеле да се регистрираат кај одобрените администратори од нивото на кое сакаат да се регистрираат, но не директоно со доменот .us.

Во април 2002 година, второстепениите домени под доменот .us станале достапни за регистрација. Во моментот доменот .us е управуван од NeuStar Inc. со договор од Департментото за трговија на САД.

Второстепени домени за државите

[уреди | уреди извор]

Секоја држава во САД, федерална територија и областа Колумбија имаат резервирани двобуквени второстепени домени засновани на стандардот ISO 3166-2:US за САД. На пример, .ny.us е наменет за Њујорк и .va.us за Вирџинија. Сепак, некои владини институции го користат доменот .gov и другите домени: на пример www.ca.gov наместо www.state.ca.us, и www.mass.gov наместо www.state.ma.us.

Дополнително, териториите на САД имаат сопствени домени: .as за Американска Самоа, .gu за Гуам, .mp за Северните Маријански Острови, .pr за Порторико и .vi за Американските Девствени Острови. Истите ги користат паралелно и нивните .us поддомени (пример .as.us, .gu.us, .mp.us, .pr.us, и .vi.us).

Месно засновани имиња

[уреди | уреди извор]

Општиот формат е „<organization-name>.<locality>.<state>.us“, каде <state> е кратенката на државата.[2]

Четири имиња на <organization-name> имаат одредени значења:

Вообичаено, под <locality> се подразбира град, област, парохија, или гратче. Други имиња може да го заменат <locality>:

  • state: државни управни агенции (<organization-name>.state.<state>.us)
  • dst: управни агенции во административни дистрикти (<organization-name>.dst.<state>.us)
  • cog: совети на управување (<organization-name>.cog.<state>.us)
  • k12: јавни основни и средни училишта (<district-name>.k12.<state>.us), или посебни училишта (<school-name>.k12.<state>.us)
  • pvt.k12: приватни основни и средни училишта (<school-name>.pvt.k12.<state>.us)
  • cc: општински колеџи (<school-name>.cc.<state>.us)
  • tec: технички и занатски училишта (<school-name>.tec.<state>.us)
  • lib: јавни библиотеки (<library-name>.lib.<state>.us)
  • mus: музеи (<museum-name>.mus.<state>.us)
  • gen: општи независни ентитети (<organization-name>.gen.<state>.us)

Малите ентитети како на пример физичк лица или мали бизниси можат да се регистрираат месно со доменски имиња на доменот .US.[3]

Примери
  1. Zuckys.Santa-Monica.CA.US (ресторан)[4]
  2. owen.sj.ca.us (семејно име)[5]

Во некои случаи, <locality> и <state> можат да се комбинираат во едно име. На пример, многу од училиштата во Кентакиимаат доменски имиња во обликот <area>.kyschools.us, и оние со поинаква адреса го користат обликот за пренасочување на нивната адреса. Два примери од истата област во Кентаки, Paducah Public Schools се на http://paducah.kyschools.us, додека пак McCracken County Public Schools го користат mccracken.kyschools.us како пренасочување на нивната адреса http://www.mccrackencountyschools.net.

Како што беше споменато погоре, регистрацијата на поддомен зависи од соработката на приватниот делегат. Многу од регистрационите претпријатијата не нудат домени во овој простор, што може да е причината за слабата искористеност.

Ограничувања на домените поврзани со .us

[уреди | уреди извор]

Доменски имиња може да побараат само следниве ентитети:

  • Секој граѓанин или жител на САД,
  • Сњкоја организација ентитет или корпоравија во САД,
  • Секој ентитет или организација од странство со bona fide присуство во САД

За да се осигура дека барањата се исполнети, NeuStar често спроведува „слепи проверки“ на информациите на регистрантите.

За да се спречат анонимни регистрации кои не ги исполнуваат барањата, Националната администрација за телекомуникации и информации има донесено одлука дека регистрантите на доменски имиња на доменот .us не можат да добијат приватни регистрации на доменските имиња.[6]

Регистрантите мора да обезбедат целосни информации како иконтакт без никакви исклучоци.[7]

  1. NeuStar. „Statistics | neustar.us“. Посетено на 12 June 2012.
  2. „The Us Domain Overview“. Архивирано од изворникот на 2015-03-20. Посетено на 2014-09-23.
  3. RFC 1480 - The US Domain#Examples of Names
  4. A Counter Culture Dies : Zucky's Deli Suddenly Closes After 39 Years in Santa Monica
  5. „The Owen World“. Архивирано од изворникот на 2015-03-26. Посетено на 2014-09-23.
  6. [1]
  7. [2]

Надворешни домени

[уреди | уреди извор]