6 февруари
Изглед
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
6 февруари — 37-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 328 денови до крајот на годината (329 во престапна).
Настани:
1899 | На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство. |
1922 | Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички. |
1943 | Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна. |
1945 | Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“. |
1992 | Република Турција ја призна Република Македонија. |
Родени:
1685 | Чарлс II — крал на Англија. |
1802 | Чарлс Витстоун — англиски физичар, еден од пионерите на телеграфијата. |
1895 | Бејб Рут — американски играч на безбол. |
1908 | Ташо Ајановски — македонски деец. |
1912 | Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер. |
1917 | За За Габор — американска глумица со унгарско потекло. |
1911 | Роналд Реган — американски политичар и државник. |
1932 | Франсоа Трифо — француски филмски режисер. |
1931 | Анѓелко Вулетиќ — хрватски и босански поет. |
1945 | Боб Марли — јамајски реге-пејач. |
1950 | Натали Коул — американска пејачка. |
1953 | Зоран Филиповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1956 | Стефан Мицов — универзитетски професор и писател од Бугарија. |
1962 | Аксел Роуз — американски рок-пејач, член на групата Ганс енд розис. |
1964 | Андреј Звјагинцев — руски режисер. |
1990 | Татјана Хмирова — руска ракометарка. |
1995 | Леон Горецка — германски фудбалер. |
2000 | Конор Галагер — англиски фудбалер. |
Починале:
893 | Фотиј I — цариградски патријарх. |
1664 | Мустафа II — отомански султан. |
1740 | Климент XII — римски папа. |
1793 | Ланселот „Кејпабилити“ Браун — англиски пејзажен архитект. |
1793 | Карло Голдони — италијански комедиограф. |
1804 | Џозеф Пристли — англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. |
1893 | Григор Прличев — македонски писател. |
1902 | Васил К’нчов — географ, историчар и политичар од Бугарија. |
1918 | Густав Климт — австриски сликар. |
1952 | Џорџ VI — британски крал. |
1981 | Фредерика — кралица на Грција. |
1998 | Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач. |
2011 | Гари Мур — северноирски рок-гитарист. |
2016 | Данило Николиќ — српски писател. |
Празници:
* | Ден на Договорот од Ваитанги — државотворен празник на Нов Зеланд. |