He Wasn't
„He Wasn't“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Аврил Лавињ | |||||
од албумот Under My Skin | |||||
Издаден | март 28 2005 (видете историја на издавање) | ||||
Формат | ЦД сингл | ||||
Снимен | 2003-2004 Whitecoat Sound, (Малибу, Калифорнија); The Boat, (Лос Анџелес, Калифорнија) | ||||
Жанр | Рок,[1] поп панк[2] | ||||
Должина | 3:00 (Албум) 2:52 (Музичко видео) | ||||
Издавачка куќа | Arista | ||||
Композитор | Аврил Лавињ, Чантал Кревиазук | ||||
Продуцент | Раин Малида | ||||
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ | |||||
|
"He Wasn't" е четвртиот сингл од вториот студиски албум на Аврил Лавињ, Under My Skin. Песната не е издадена во САД и наместо неа е издадена песната "Fall to Pieces", но само како радио сингл. Песната е издадена во Обединетото Кралство. Пред тоа, издадена е како трет сингл во Јапонија во јуни 2004. Напишана е од Аврил Лавињ и Чантал Кревиазук.
Значење на песната
[уреди | уреди извор]"He Wasn't" е за неуспешна врска меѓу Лавињ и маж кој се однесувал лошо со неа, така што дури не ѝ ја отворал вратата. Песната е брза и во неа се работи за тоа дека нејзиното момче "не е доволно добро кон неа" за разлика од другите песни на албумот Under My Skin. На документарен филм на правењето на музичкото видео за "My Happy Ending", "He Wasn't" е пуштена во позадина и Лавињ се шегува, "'Тој не беше тоа што јас го сакав'...дали е тоа темата на мојата песна?".[се бара извор]
Музичко видео
[уреди | уреди извор]Видеото ја прикажува Лавињ како пее, а нејзиниот бенд свири на инструменти во позадината. Во видеото исто така има сцени каде таа танцува наоколу носејќи бели ракавици, розово здолниште и држи магично стапче (глуми самовила), а исто така има и други сцени каде таа носи ѓаволски рогови на нејзината глава (глуми ѓавол). Подоцна ќе испадне дека Аврил и нејзиниот бенд снимаат видео и потоа ќе почнат да се тепаат со храната. Аврил потоа ќе ја удри и ќе ја искрши камерата со својата гитара, а потоа ќе удри во ѕидот од хартија кој ќе пукне и во собата ќе тече розова боја. Видеото завршува со Аврил која прави шпага.
Лавињ исто така кажала дека неколку дена по снимањето на видеото кога розовата боја излегувала од ѕидовите, не можела сѐ уште да ја среди својата коса и да ја извади бојата од неа.[3]
Список на песни
[уреди | уреди извор]Австралија
(82876690742; Издаден 8 април 2005)
- "He Wasn't" (Албум верзија)
- "He Wasn't" (Верзија во живо со бенд)
- "He Wasn't" (Живо и акустично)
- "He Wasn't" (Музичко видео)
- Обединетото Кралство
- "He Wasn't" (Албум верзија)
- "He Wasn't" (Верзија во живо)
- "He Wasn't" (Музичко видео)
- Плус ексклузивнен видео дневник и други работи.
- Француски Сингл
- "He Wasn't" (Албум верзија)
- "He Wasn't" (Верзија во живо)
- Британско промо / Австралиско промо
- He Wasn't (Албум верзија)
Табели
[уреди | уреди извор]"He Wasn't" не е издадена во САД, но има добиено голем успех во Обединетото Кралство искачувајќи се на #23, #25 во Австралија и #35 во Ирска. Во некои други земји синглот се искачил на многу ниски места, како во Канада каде се искачил на #92."He Wasn't" бил успешен сингл на Лавињ, искачувајќи се во топ 5 Хитови во Белгија, и топ 10 Хитови во Јапонија.
Табела (2005) | Највисока позиција |
---|---|
Австралија[4] | 25 |
Австрија[4] | 35 |
Белгија[4] | 2 |
Канада | 92 |
Ирска[5] | 35 |
Јапонија | 10 |
Нов Зеланд[4] | 38 |
Германија[4] | 29 |
Швајцарија[4] | 43 |
Обединетото Кралство[5] | 23 |
Историја на издавање
[уреди | уреди извор]Држава | Датум | Формат | Куќа |
---|---|---|---|
Обединетото Кралство[6] | 28 март 2005 | ЦД сингл | Arista Records |
Австралија[7] | 8 април 2005 | ||
Германија[8] | 18 април 2005 |
Награди
[уреди | уреди извор]Година | Церемонија | Награда | Резултат |
---|---|---|---|
2005 | MTV Video Music Brasil | Најдобро интернационално видео | Предлошка:Ном |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Avril Lavigne - He Wasn't“. Discogs. 2005.
- ↑ Sterdan, Darryl (21 May 2004). „Album Review: Avril Lavigne“. JAM!. Посетено на 19 August 2010.
....like on the boys-suck pop-punk of He Wasn't....
- ↑ „Avril talking about the "He Wasn't" video incident“. youtube.com. Посетено на 2009-04-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Успех на синглот на топ листите (1) (англиски)
- ↑ 5,0 5,1 Успех на синглот на топ листите (2) (англиски)
- ↑ „He Wasn't - Single by Avril Lavigne - CD Single on Amazon.co.uk“. Amazon.co.uk. 2005-03-28. Посетено на 2010-12-28.
- ↑ „He Wasn't - Single by Avril Lavigne - CD Single on Sonymusic.com.au“. Sonymusic.com.au. 2005-04-08. Архивирано од изворникот на 2011-03-04. Посетено на 2010-12-28.
- ↑ „He Wasn't - Single by Avril Lavigne - CD Single on Avril.de“. Avril.de. 2005-04-18. Посетено на 2010-12-28.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|