Прејди на содржината

OK Go

Од Википедија — слободната енциклопедија
OK Go
OK Go на настап во 2012 година.
Од лево кон десно: Тим Нордвинд, Демијан Кулаш, Ден Конопка, Енди Рос
Животописни податоци
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
Жанрови
Период на активност1998–present
Издавачи
Соработници
  • Debate Team
  • Secret Dakota Ring
Мреж. местоokgo.net

OK Go ― американскa рок група по потекло од Чикаго, а сега со седиште во Лос Анџелес.[1] Членови на групата се: Демијан Кулаш (главен вокал, гитара), Тим Нордвинд (бас-гитара, вокал), Ден Конопка (тапани и удирачки инструменти) и Енди Рос (гитара, клавијатури и вокал), кој се придружил на групата во 2005 година, како замена за гитаристот Енди Данкан.[2] Бендот е познат по своите креативни и најчесто нискобуџетни музички спотови кои честопати имаат детално изработена кореографија за да бидат снимени во еден долг кадар.

OK Go е основана во 1998 година, а нивни најпознати песни се Get Over It, A Million Ways и Here It Goes Again. Спотот за песната „Here It Goes Again“ освоил Греми награда за најдобро музичко видео во 2007 година.

Групата била и куќен состав за радио-емисијата This American Life чиј водител бил Ајра Глас.[3]

Сегашни

  • Демијан Кулаш – главен вокал, ритам-гитара, клавијатури, програмирање (1998-денес)
  • Тим Нордвинд – бас-гитара, клавијатури, придружни вокали (1998-денес)
  • Ден Конопка – тапани, перкусии (1998–денес)
  • Енди Рос – главна гитара, клавијатури, пијано, придружни вокали (2005-денес)

Поранешни

  • Енди Данкан – главна гитара, клавијатури, придружни вокали (1998–2005)

Времеплов

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • OK Go (2002)
  • Oh No (2005)
  • Of the Blue Colour of the Sky (2010)
  • Hungry Ghosts (2014)
  1. O. K. Go. „OK Go“. www.ted.com (англиски). Посетено на September 14, 2020.
  2. McKinlay, Fiona (October 20, 2005). „we're obsessed with clashing patterns right now“. Drowned In Sound. Архивирано од изворникот на February 3, 2015. Посетено на June 26, 2013.
  3. Margasak, Peter (September 12, 2002). „The Pleasure Principle: OK Go/Radio Ready“. Chicago Reader. Посетено на June 19, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]