The Sunday Times
Предната страница на Сандеј тајмс (13 јули 2014 г.) | |
Тип | неделен весник |
---|---|
Формат | целосен |
Сопственик | News UK |
Основач | Хенри Вајт |
Уредник | Бен Тејлор[1] |
Основан | 18 февруари 1821 |
Политичка определба | |
Седиште | Лондон |
Тираж | 647.622 |
Поврзани весници | The Times |
ISSN | 0956-1382 |
Страница | thesundaytimes.co.uk |
Сандеј тајмс (англиски: The Sunday Times, буквално: Неделно време) — неделен весник што се објавува во Обединетото Кралство. Сандеј тајмс е објавен од Times Newspapers Ltd, подружница на News International, која пак е во сопственост на News Corporation.[3] Times Newspapers го поседуваат и The Times, но и двата весници се основани независно еден од друг и дошле под иста сопственост дури во 1966 г. News International на Руперт Мердок ги купил двата весници во 1981 г. Секој април од 1989 г., како додаток кон весникот се објавува „Списокот на богати“ (англ. Sunday Times Rich List) — список на 1.000 најбогати поединци или семејства што живеат во Обединетото Кралство, слично на американскиот список „Форбс 400“.[4]
Додека The Times има многу помал тираж од The Daily Telegraph, најголемиот сериозен дневен весник во Обединетото Кралство, Сандеј тајмс, доминира на трговиштето за квалитетни неделни наслови; Неговиот тираж од 1,3 милиони примероци е еднаков на оној на The Sunday Telegraph, The Observer и The Independent on Sunday заедно.
Историја
[уреди | уреди извор]Весникот започнал на 18 февруари 1821 г. како The New Observer, но го променил своето име во Independent Observer во април. Станал The Sunday Times во 1822 г., но не бил поврзан со The Times.[5] Основачот, Хенри Вајт, го продал во 1823 г. на Даниел Витл Харви. Под Харви, Сандеј тајмс направил некои забележителни работи. Во 1838 г., објавил голема слика од крунисувањето на кралицата Викторија, најголемата досега во британски весник.[6] Во 1841 г., тоа било еден од првите весници што отпечатиле роман во делови: „Старата катедрала на Свети Павле“ од Вилијам Харисон Ејнсворт.
Алис Ен Корнвел, која се збогатила со австралиско рударство и ја отворила Midas Mine Company на Лондонската берза, го купила весникот во 1887 г. како подарок за нејзиниот партнер Фил Робинсон, кој станал уредник, и за рекламирање на нејзината нова фирма The British and Australasian Mining Investment Company. Се венчале во 1894 г.[7] Во 1893 г., Корнвел го продал весникот на Фредерик Бир, кој веќе бил сопственик на The Observer. Тој ја поставил својата жена Рејчел Сасун Бир на чело. Таа веќе го водела The Observer, со што станала првата жена што водела национален весник. Ја задржала улогата на уредничка и на двата весници до 1901 г.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Turvill, William (19 January 2023). „Ben Taylor named as new editor of The Sunday Times“. Press Gazette. Посетено на 11 March 2023.
- ↑ „General Election 2015 explained: Newspapers“. The Independent. 28 April 2015. Посетено на 9 December 2016.
- ↑ „The Times UK and The Sunday Times“ (англиски). Media Bias/Fact Check. Архивирано од изворникот на 2020-05-25. Посетено на 2020-05-11. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „The Times – Data – ABC“. Abc.org.uk.
- ↑ Pritchard, Stephen (1 January 2006). „Unravelling the DNA inside Britain's oldest Sunday paper“. The Observer. UK. Посетено на 17 August 2009.
- ↑ Hobson, Harold; Knightley, Phillip; Russell, Leonard (1972). The Pearl of Days. Hamish Hamilton. стр. 22. ISBN 0-241-02266-5.
- ↑ Griffiths, D. (24 September 2004). "Cornwell [other married names Whiteman, Robinson], Alice Ann (1852–1932), gold mining industrialist and newspaper proprietor". Oxford Dictionary of National Biography. Retrieved 10 December 2017.
- ↑ Hobson, Harold; Knightley, Phillip; Russell, Leonard (1972). The Pearl of Days. Hamish Hamilton. стр. 52. ISBN 0-241-02266-5.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„The Sunday Times“ на Ризницата ? |