Прејди на содржината

УЕФА Лига на шампиони

Од Википедија — слободната енциклопедија
УЕФА Лига на шампиони
ОрганизаторУЕФА
Основано1955; пред 69 години (1955)
(ребрендирано во 1992 година)
РегионЕвропа
Број на екипи
  • 32 (групна фаза)
  • 79, 80, или 81 (вкупно)
ТековенШпанија Реал Мадрид (15. титула)
Најмногу титулиШпанија Реал Мадрид (15 титули)
ТВ партнериСписок на емитувачи
Мрежно местоuefa.com/uefachampionsleague
Лигата на шампиони на УЕФА 2023/24

УЕФА Лига на шампиони — најелитното годишно европско фудбалско клупско натпреварување, организирано од УЕФА. Натпреварувањето било создадено под името Куп на европските шампионите, или скратено Европски куп создаден во 1955 година, додавајќи групна фаза во натпреварувањето и дозволувајќи повеќе учесници од една земја. Тоа е едно од најпрестижните турнири во светот и најпрестижното клупско натпреварување во европскиот фудбалза најдобрите фудбалски клубови во Европа. Во 1992 година, натпреварување било ребрендирано во денешното име и добило нов формат на натпреварување. Финалето во 2013 година беше најгледаното финале на Лигата на шампионите досега, исто така и најгледаниот годишен спортски настан во светски рамки во 2013 година, привлекувајќи внимание на 360 милиони телевизиски гледачи.

Пред 1992 година, турнирот службено бил наречен Купот на европските шампиони (англиски: European Champion Clubs' Cup; француски: Coupe des Clubs Champions Européens), но бил познат едноставно и како Европски куп. Натпреварувањето првично било само со нокаут натпревари во кое право на учество имале само клубовите прваци на секоја земја. Во текот на деведесеттите, форматот беше проширен, била воведена групна фаза и повеќе клубови. Најдобрите национални лиги во Европа давале и по четири претставници, и ќе носи и по пет претставници од сезоната 2015-16.

Со сегашниот формат, Лигата на шампионите започнува во средината на јули со три нокаут квалификациски рунди и плејоф рунда. Десетте екипи кои ќе успеат да ги поминат овие фази им се приклучуваат на останатите 22 екипи во групната фаза. 32те екипи се извлечени во осум групи од по четири екипи и играат меѓу себе преку систем дома-гости. Осумте прво пласирани екипи во групите како и осумте второпласирани се пласираат во нокаут фазата, која завршува со финален меч во мај. Победникот на УЕФА Лигата на шампиони обезбедува пласман во УЕФА Супер купот и ФИФА Светско клупско првенство во фудбал.

Најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето Реал Мадрид, освојувајќи го турнирот тринаесет пати, претходниот пат во 2017-18 сезоната, вклучувајќи ги првите пет сезони. Шпанските клубови имаат најмногу освоено титули (17), зад нив се Англиските и Италијанските (14). Турнирот е освоен од 21 различен клуб, од кој 13 ја имаат освоено повеќе од еднаш. Откако турнирот го смени своето име и структура во 1992 година, ниеден клуб не успеал турнирот да го освои последователно, последен што успеал да ја одбрани титулата бил Милан во сезоната 1989-90. Реал Мадрид е моменталниот првак, победувајќи ја Борусија Дортмунд во финалето во Лондон, на 1 јуни 2024 година, со резултат од 2:0.

Историја

[уреди | уреди извор]
Пред почетокот на натпреварот помеѓу Арсенал и Севиља, сезона 2007/08.

Турнирот бил отворен во 1955 година, на предлог од францускиот спортски новинар и уредник на Лекип, Габриел Ано, кој ја смислил идејата по добивањето на извештаите од неговите новинари за многу успешното Campeonato Sudamericano de Campeones од 1948 година. Како реакција на изјавата од страна на британските медиуми на страна на Вулверхемптон Вондерерс нарекувајќи ги Шампиони на светот по успешните пријателски натпревари во Европа во педесеттите, Ано конечно успеа да ја убеди УЕФА да започне да организира турнир во континентални рамки. Натпреварувањето започнало како натпреварување за победниците на европските национални лиги, како Европски куп на шампиони, или скратено Европски куп.

Натпреварувањето започнало во сезоната 1955-56 со формат на две нокаут-рунди каде тимовите играле два меча, еден дома и еден на гости, и тимот со подобриот вкупен резултат се квалификувал во следната рунда од натпреварувањето. До 1997 година, учеството било ограничено, и само тимовите кои го имале освоено нивното национално натпреварување имале право на учество, плус моменталниот освојвач на Европскиот Куп. Во сезоната 1992-93, форматот бил сменет, воведена била групна фаза и турнирот бил преименуван во Лига на шампиони на УЕФА. Оттогаш имаше бројни измени во условите за натпреварувањето, бројот на квалификациски рунди и структурата на групите. Во сезоната 1997-98, условите беа проширени и ги вклучувале вицепрваците на некои земји според ранг списокот на коефициенти на УЕФА. Квалификацискиот систем бил реструктуиран така што ниско рангираните национални првенства имале право на учество во една или повеќе квалификациски рунди пред групната фаза, додека вицепрваците од високо рангираните земји влегувале во подоцнежните рунди. И до четири клуба од високо рангираните земји имаат право за настап во натпреварувањето.

Помеѓу 1960 и 2004 година, победникот на турнирот се квалификува на сега непостоечкиот Интерконтинентален Куп против победникот на Копа Либертадорес на Јужна Америка. Оттогаш, победникот автоматски се квалификува за Светскиот клупски куп огранизиран од ФИФА заедно со другите победници на континенталните клупски првенства.

„Магија...тоа е магија над сѐ друго. Кога ја слушате химната, таа те плени веднаш.“

Зинедин Зидан[1]

Химната на УЕФА Лигата на шампиони, службено насловена како „Champions League“, била напишана од Тони Бритен, како приспособено дело од делото „Свештеникот Садок“ на Георг Фредерик Хандел од химните за крунисување. УЕФА го овластила Бритен (англиски композитор) во 1992 година, да ја аранжира нивната химна, и делото било изведено од оркестарот на Кралската филхармонија и испеана од страна на Академијата „Свети Мартин“ во полето на рефренот на трите службени јазици користени од страна на УЕФА: англиски, германски и француски. Рефренот на химната е пуштан пред секој натпревар на Лигата на шампиони, како и на почетокот и крајот на телевизискиот пренос од натпреварите. Целосната химна е долга околу три минути, и има два кратки стихови на рефренот. Химната никогаш не била пуштена комерцијално во својата изворна верзија.

Обезбедување пласман

[уреди | уреди извор]
Карта на УЕФА земјите чии клубови стигнале до групната фаза на Лигата на шампиони
   УЕФА земја членка што била претставувана во групната фаза
   УЕФА земја членка што не била претставувана во групната фаза
   Земја што не е членка на УЕФА

Почнувајќи од 2009 година, УЕФА Лигата на шампиони започна со разигрување по групи со 32 екипи, на што му претходат два квалификациски натпревари за тимовите што не се пласирале директно за турнирот. Двата натпревари се поделени помеѓу тимови квалификувани врз основа на освоено домашно првенство, и тие што се квалификувани врз основа на тоа што завршиле од второто до четвртото место на нивното државно првенство.

Бројот на тимови што учествуваат од една асоцијација во УЕФА Лигата на шампиони се заснова врз УЕФА коефициентите на членовите на асоцијацијата. Овие коефициенти се добиваат врз основа на постигнатите резултатите на клубовите што ја претставуваат секоја асоцијација во текот на последните пет УЕФА Лига на шампиони и Лигата Европа сезони. Колку поголем коефициент има асоцијацијата, толку повеќе тимови ќе ја претставуваат асоцијацијата во Шампионската лига, и во помалку квалификациски рунди тимовите на асоцијацијата ќе треба за учествуваат.

5 од останатите десет квалификациски места се доделуваат на победниците на турнирот од четири квалификациски рунди помеѓу останатите 39 или 38 шампиони, во кој тие шампиони од асоцијациите со поголеми коефициенти добиваат место во подоцнежните рунди. Останатите 5 се доделени на победниците од турнир со две квалификациски рунди помеѓу петнаесетте клубови од асоцијациите рангирани од првото до петнаесеттото место, што се квалификувале врз основа на нивното завршување од второто до четвртото место на нивните национални лиги.

Во поглед на спортските критериуми, секој клуб мора да има лиценца од својата асоцијација за да учествува во Шампионската лига. За да добие лиценца, клубот мора да исполни одредени барања за стадионот, инфраструктурата и финансиите.

Во сезоната 2005/2006, Ливерпул и Артмедија Братислава од Словачка станале првите екипи кои стигнале до групната фаза на Лигата на шампиони, играјќи во сите три квалификациски рунди. Во сезоната 2009/2010, и БАТЕ и Анортозис Фамагуста успеаја да го постигнат истото достигнување. Барселона, Манчестер јунајтед и Порто се тимовите кои најчесто ги има во групната фаза: четиринаесет тимови посебно. Само ФК Порто го има освоено турнирот еднаш од основањето на групната фаза (2004), Манчестер јунајтед двапати (1999 и 2008) и Барселона трипати (1992, 2006 и 2009).

Помеѓу 2003 и 2008 година, никаква разлика не била правена помеѓу прваци и непрваци во квалификациите. Шеснаесетте најдобро рангирани екипи низ најголемите домашни лиги директно обезбведувале пласман во групната фаза од турнирот. Претходно, три прелиминарни квалификациски рунди ги намалуваат останатите тимови, со тоа што различни екипи започнувале во различни рунди.

Турнирот соодветно започнува со групна фаза од 32 екипи, поделени во 8 групи. Носител на групата се користи додека се врши извлекувањето на оваа фаза, додека тимовите од иста земја може да не се паднат во групата заедно. Секој тим се среќава со другите тимови од неговата група дома и на гости во формат на разигрување. Најдобрите две екипи од секоја група се пласираат во осмина-финалето, со што започнува нокаут-фазата од турнирот. Третопласираната екипа обезбедува учество во Лига Европа.

Во оваа фаза, еден победник на групата игра против вицешампион на друга група, и екипите од истата земја не може да не се паднат да играат еден против друг. Од четвртфиналето па натаму, извлекувањето се врши по случаен избор, со што заштитата на екипи од иста земја не е повеќе во сила.

Натпреварите од групната фаза се играат во текот на есента, додека нокаут фазата започнува една недела по зимската пауза. Во нокаут фазата се состои од два натпревари, со исклучок на финалето. Оваа фаза традиционално е во тек во последните две недели од мај.

Рангирање

[уреди | уреди извор]

Судискиот оддел на УЕФА е поделен на пет категории врз основа на искуството во кој судијата е рангиран; (од највисок до најнизок ранг) Елитна Категорија, Премиерна Категорија, Категорија 2, Категорија 3, и Категорија 4. После сертификацијата, меѓународниот судија е пласиран во Категорија 4 со исклучок на судиите од Франција, Германија, Англија, Италија или Шпанија. Судиите од овие пет фудбалски големци имаат доволно врвни професионални натпревари и затоа директно се пласираат во Категоријата 3. Секој натпревар суден од судијата е надгледуван и оценуван и двапати во сезона неговата или нејзинината Категорија може да биде подобрена. Еден судија не може директно да премине од Категорија 2 во Елитна Категорија.

Назначување

[уреди | уреди извор]

Во соработка со Судискиот оддел на УЕФА, УЕФА Комитетот на судии е одговорен за назначувањето на судиите за натпреварите. Судиите се назначуваат врз основа на претходните натпревари, забелешките, изведбата и нивото на физичка подготвеност. За да се обесхрабри присртрасноста, Шампионската лига го зема предвид и државјанството. Ниеден судија не може да има исто потекло како и никој клуб во неговите или нејзините респективни групи. Судиското назначувања, предложени од Судискиот оддел на УЕФА, се испратени до Судискиот Комитет на УЕФА за да бидат дискутирани и/или променети. Откако ќе се постигне општа согласност, името на назначениот судија останува тајна сè до два дена пред натпреварот со цел да се минимизира влијането од јавноста.

Ограничувања

[уреди | уреди извор]

Од 1990 година, интернационален судија на УЕФА не смее да има повеќе од 45 години. Откако ќе наполни 45 години, судијата мора да се повлече на крајот од неговата/нејзиата сезона. Старосната граница била воспоставена за да биде осигурано врвно ниво на физичка подготвеност. Денеска судиите на Лигата на шампионите треба да го поминат тестот на физичка подготвеност пред да размислуваат на меѓународно ниво.

Парична награда

[уреди | уреди извор]

Од 2010/2011, УЕФА ја наградува секоја екипа што игра во плејоф рундите со 2,1 милион евра. За тие што ќе стигнат до групната фаза УЕФА доделува 3,9 милиони евра, плус 550.000 евра за секој одигран меч во групата. За победа во групната фаза УЕФА доделува 800.000 евра а нерешениот резултат е вреден 400.000 евра. Покрај тоа, УЕФА им плаќа на тимовите што ќе стигнат до првата нокаут-фаза по 3 милиони евра, секој четвртфиналист добива 3,3 милиони евра, 4,2 милиони за секој полуфиналист, 5,2 милиони евра за вицешампионите и 9 милиони евра за победниците. Голем дел од дистрибуираниот приход од Лигата на шампионите е поврзан со маркетиншкиот фонд, распределбата со која се определува вредноста на телевизискиот пазар во секоја земја. За сезоната 2008/2009, и Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, кои стигнале до финалето и четвртфиналето, заработија повеќе од Барселона, која го освои турнирот.

Спонзорирање

[уреди | уреди извор]

Како Светското Првенство, УЕФА Лигата на шампионите е група на повеќенационални корпораации, за разлика од единствениот главен спонзор на Премиер Лигата, Лига 1 или Серија А. Кога Лигата на шампионите била моделирана во 1992 година, било решено дека максимум на осум претпријатија треба да им биде дозволено да го спонзорираат натпреварувањето, со тоа што секоја корпорација ќе има распоредено четири билборди околу периметарот на стадионот, исто така ставање на логото пред и после интервјуа и на одреден број на карти за секој натпревар. Ова, комбинирано со договор за да биде осигурано спонзорството на турнирот и им е давано приоритет на нивните реклами во текот на натпреварите, со гаранција дека на секој главен спозор на турнирот му е дадено максимално изложување.

Билбордите се извор на критики, заради нивната големина што е многу поголема за разлика од оние на од другите лиги како Премиер лигата. Нивната големина значи дека, на некои терени, како Селтик Парк, Олд Трафорд, Енфилд и Стемфорд Бриџ, предните редови од трибините не можат да бидат користени за гледање бидејќи теренот е блокиран од крајно големите билборди; затоа, на тие што имаат сезонски карти не им се гарантирани билетите за натпреварите и мораат да седат на седишта различни од вообичаените за натпреварите. Исто така, на некои стадиони рамната површини на предните редови која е користена за сместување на лица во инвалидски колички и хендикепирани лица, е користена за билбордите, па така тие драстично ја намалуваат сместивоста на делот наменет за хендикепирани лица.

Моменталните главни спонзори на турнирот се:

  • Форд
  • Хајнекен (вклучувајќи ги Норвешка, Шпанија, Франција, Швајцарија и Русија како земји во кои рекламирањето на алкохол е забрането. Во Норвешка билбордот на Хајникен е заменет со билборд со слика изработена од креда. Во Шпанија, Франција и Швајцарија билбордот на Хајникен е заменет со билборд на „Стар Експириенс“ и во Русија билбордот на Хајникен е заменет со „Не за Расизмот“ билборд)
  • Мастер Кард
  • Сони Европа
    • БРАВИА е брендот што се рекламира
  • Сони Компјутер Ентертејмент Европа
  • Уни Кредит

Адидас е секундарниот спонзор кој го снабдува турнирот со официјалната топка за натпреварите, истото го прават и за сите УЕФА натпреварувања. Про еволушн Сокер (Pro Evolution Soccer) на Конами (Konami) е исто така секундарен спонзор како официјална видео игра на Лигата на шампиони. Поединечни клбови можат да носат дресови со реклами, дури и ако таквите спонзори се во спротивни на оние на Лигата на шампиони. Сепак, само еден спонзор е дозволено на дресот (плус оној на произведувачот на дресот), и ако клубови играат натпревар во земја каде што соодветната спонзорска категорија е забранета (како случајот во Франција, алкохолот и обложувањето) тие мора да го отстранат логото од нивните дресови.

Алкохол и мрежни места за обложување како спонзори

[уреди | уреди извор]

Тимовите може да бидат приморани да го отстранат логото со кое се рекламира алкохол и мрежни места за обложување од нивната опрема ако патуваат во земја каде што е забрането таквото рекламирање. На пример, кога Ливерпул играл на гостински терен со Лион, Ливерпул бил приморан да го отстранат Карлсберг од нивната опрема, бидејќи Франција, вклучувајќи ги и државните спонзори, забранува такво спонзорство. Други случаи имало во Швајцарија; кога Милан и Реал Мадрид играле на гости со Цирих, двете екипи морале да го отстранат bwin.com од нивната опрема. Вакви слични забрани има и во Норвешка и Холандија.

Медиумска покриеност

[уреди | уреди извор]

Натпреварувањето привлекува голем број на телевизиска публика, не само во Европа, но и насекаде во светот. Натпреварите се пренесувани во преку 70 земји со коментари на повеќе од 40 јазици секоја година. Со проценети 109 милиони гледачи, финалето на Лигата на шампиони во 2009 година го поминала Супер Болот од истата година (106 милиони гледачи) за првпат како најгледан единствен годишен спортски настан во годината.

Рекорди и статистики

[уреди | уреди извор]

Титули по клуб

[уреди | уреди извор]
Клуб Првак Вицепрвак Сезони да е првак Сезони да е вицепрвак
Шпанија Реал Мадрид 15 3 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1966, 1998, 2000, 2002, 2014, 2016, 2017, 2018, 2022, 2024 1962, 1964, 1981
Италија Милан 7 4 1963, 1969, 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 1958, 1993, 1995, 2005
Германија Баерн Минхен 6 5 1974, 1975, 1976, 2001, 2013, 2020 1982, 1987, 1999, 2010, 2012
Англија Ливерпул 6 4 1977, 1978, 1981, 1984, 2005, 2019 1985, 2007, 2018, 2022
Шпанија Барселона 5 3 1992, 2006, 2009, 2011, 2015 1961, 1986, 1994
Холандија Ајакс 4 2 1971, 1972, 1973, 1995 1969, 1996
Италија Интер 3 3 1964, 1965, 2010 1967, 1972, 2023
Англија Манчестер Јунајтед 3 2 1968, 1999, 2008 2009, 2011
Италија Јувентус 2 7 1985, 1996 1973, 1983, 1997, 1998, 2003, 2015, 2017
Португалија Бенфика 2 5 1961, 1962 1963, 1965, 1968, 1988, 1990
Англија Челси 2 1 2012, 2021 2008
Англија Нотингем Форест 2 0 1979, 1980
Португалија Порто 2 0 1987, 2004
Германија Борусија Дортмунд 1 2 1997 2013, 2024
Шкотска Селтик 1 1 1967 1970
Германија Хамбургер 1 1 1983 1980
Романија Стеауа Букурешт 1 1 1986 1989
Франција Олимпик Марсеј 1 1 1993 1991
Англија Манчестер Сити 1 1 2023 2021
Холандија Фејенорд 1 0 1970
Англија Астон Вила 1 0 1982
Холандија ПСВ Ајндховен 1 0 1988
СФРЈ Црвена ѕвезда 1 0 1991
Шпанија Атлетико Мадрид 0 3 1974, 2014, 2016
Франција Ремс 0 2 1956, 1959
Шпанија Валенсија 0 2 2000, 2001
Италија Фјорентина 0 1 1957
Германија Ајнтрахт Франкфурт 0 1 1960
СФРЈ Партизан 0 1 1966
Грција Панатинаикос 0 1 1971
Англија Лидс Јунајтед 0 1 1975
Франција Сент Етјен 0 1 1976
Германија Борусија Менхенгладбах 0 1 1977
Белгија Клуб Брухе 0 1 1978
Шведска Малме 0 1 1979
Италија Рома 0 1 1984
Италија Сампдорија 0 1 1992
Германија Бајер Леверкузен 0 1 2002
Франција Монако 0 1 2004
Англија Арсенал 0 1 2006
Англија Тотнем Хотспур 0 1 2019
Франција Париз Сен Жермен 0 1 2020

Најуспешни стрелци на сите времиња

[уреди | уреди извор]

Согласно 1 јуни 2024

‡ покажува дека играчот бил од времето на Купот на европскиште шампиони.

Фудбалерите со задебелени букви се активните играчи во натпреварувањето.

Место Играч Држава Голови Натпревари Гол однос Години Клубови
1 Кристијано Роналдо Португалија 140 183 0.77 2003–2022 Манчестер Јунајтед (21/59), Реал Мадрид (105/101) Јувентус (14/23)
2 Лионел Меси Аргентина 129 163 0.79 2005–2023 Барселона (120/149), Париз Сен Жермен (9/14)
3 Роберт Левандовски Полска 94 120 0.78 2011- Борусија Дортмунд (17/28), Баерн Минхен (69/78), Барселона (8/14)
4 Карим Бензема Франција 90 152 0.59 2006–2023 Лион (12/19), Реал Мадрид (78/133)
5 Раул Шпанија 71 142 0.50 1995–2011 Реал Мадрид (66/130), Шалке 04 (5/12)
6 Руд ван Нистелрој Холандија 56 73 0.77 1998–2009 ПСВ Ајндховен (8/11), Манчестер Јунајтед (35/43), Реал Мадрид (13/19)
7 Томас Милер Германија 54 151 0.36 2009- Баерн Минхен
8 Тјери Анри Франција 50 112 0.45 1997–2010 Монако (7/9), Арсенал (35/77), Барселона (8/26)
9 Алфредо Ди Стефано Шпанија 49 58 0.84 1955–1964 Реал Мадрид
10 Килијан Мбапе Португалија 48 73 0.66 2016 Монако (6/9), Париз Сен Жермен (42/64)
Андриј Шевченко Украина 48 100 0.48 1994–2012 Динамо Киев (15/26), Милан (29/59), Челси (4/15)
Златан Ибрахимовиќ Шведска 48 124 0.39 2001–2021 Ајакс (6/19), Јувентус (3/19), Интер (6/22), Барселона (4/10), Милан (9/20), Париз Сен Жермен (20/33), Манчестер Јунајтед (0/1)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „The story of the UEFA Champions League anthem“. Union of European Football Associations. Архивирано од изворникот 20 ноември 2020. Посетено на 6 мај 2024 – преку YouTube.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]