Смомби
Смомби — кованица формирана од смартфон (паметен телефон) и зомби, означува пешак со очи заковани на неговиот мобилен телефон до степен да ја занемари неговата непосредна околина и да не го сфати потребното внимание за неговата и за безбедноста на другите.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Овој неологизам се појавил како дел од иницијативата под наслов „Збор на годината на младите луѓе“ организирана во Германија од 2008 година, од издавачката куќа Лангеншајт, кои ја избрале оваа кованица за збор на 2015 година. Можно е овој збор младите да го користеле пред 2015 година или да се појавил за време на овој избор.[1]
Ризици и превенција
[уреди | уреди извор]Според студија спроведена во 2014 година од Декра (Deutscher Kraftfahrzeug-Überwachungs-Verein) во шест европски главни градови, 17% од пешаците во големите градови би се однесувале ризично со својот паметен телефон: главните причини за расеаност се пишување пораки при преминување на патот (8% од пешаците), телефонски повици (2,6% од пешаците) или и двете (1,4% пешаци). Намалената будност на смомбијата би била причина за фатални сообраќајни несреќи.[2]
Ова опасно однесување поттикнало некои земји како Германија, Австрија и Австралија да инсталираат трепкачки светла интегрирани во коловозот на клучни места (коловозни светла на крстопати, трамвајски премини), уреди за звучно предупредување[3] или во Кина, ленти за пешаци исклучиво резервирани за корисници на мобилни телефони. Неколку американски универзитетски градови имаат натписи „Погледнете напред“ во близина на скалите и пешачките премини.[4]
Јапонија
[уреди | уреди извор]Во Јамато Сити, Јапонија, студија од јануари 2020 година открила дека 12% од погинатите 6.000 пешаци го користеле својот паметен телефон за време на несреќата и затоа гледањето во паметниот телефон при одење едноставно е опасно.[5]
Во овој јапонски град на Јапонија забрането е одење со истовремено користење на паметниот телефон од јуни 2020 година.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bernd Matthies (13 novembre 2015). „Jugendwort des Jahres „Smombie" gibt es nicht - es ist eine Erfindung“ (германски). line feed character во
|title=
во положба 22 (help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Julie Gallien (31 mai 2016). „Le smartphone, un danger pour les piétons ?“. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Des passages piétons protégés pour les "smombies"“. 5 juin 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Jean-Michel Normand (1 mars 2016). „Hors des clous“. Архивирано од изворникот на 2016-08-10. Посетено на 2021-05-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 5,0 5,1 „Yamato Japan: smartphone ban while walking“ (англиски). 10 août 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Смомби“ на Ризницата ? |
- Hookham, Mark; Togoh, Isabel; Yeates, Alex (21 February 2016). „Walkers hit by curse of the smombie“. The Sunday Times. UK. Архивирано од изворникот на 2016-02-22. Посетено на 2021-05-14.
- Hatton, Celia (15 September 2014). „Chongqing's 'mobile lane'“. BBC News. UK: BBC.