4 јуни
Изглед
<< | јуни | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
4 јуни — 155-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (156-ти во престапна година). Остануваат 210 дена до крајот на годината.
Настани:
781 п.н.е. | За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. |
1896 | Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. |
1917 | Доделени се првите Пулицерови награди во САД. |
1920 | Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението. |
1944 | Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. |
1989 | Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. |
1989 | „Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. |
2010 | Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама. |
Родени:
1881 | Наталија Гончарова — руска сликарка. |
1911 | Милован Ѓилас — комунистички раководител на СФР Југославија. |
1929 | Каролос Папуљас — грчки политичар. |
1937 | Пандо Колевски — македонски поет и преведувач. |
1945 | Ентони Брекстон — американски џез-музичар. |
1947 | Благоје Пауновиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1952 | Бронислав Коморовски — полски политичар. |
1950 | Милош Ѓелмаш — српски и југословенски фудбалер. |
1975 | Расел Бренд — англиски комичар, водител и колумнист. |
1975 | Анџелина Џоли — американска глумица. |
1976 | Ненад Зимоњиќ — српски тенисер. |
1985 | Лукаш Подолски — чешки фудбалер. |
1990 | Џецун Пема — кралица на Бутан, сопруга на кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук. |
1991 | Анте Вукушиќ — хрватски фудбалер. |
Починале:
1530 | Максимилијан Сфорца — милански војвода. |
1876 | Абдул Азис — отомански султан. |
1917 | Јордан Николов — македонски револуционер. |
1934 | Васил Апостолов Икономов — учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф. (р. 1848.). |
1971 | Ѓерѓ Лукач — унгарски марксистички филозоф. |
2001 | Борислав Џинлески — македонски ветеринар. |
2004 | Стив Лејси — американски џез-музичар. |
2019 | Ленарт Јохансон — шведски фудбалски администратор, поранешен претседател на УЕФА. |
2022 | Алекс Џон Сач — американски рок-музичар, член на групата Бон Џови. |