1453
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1453 MCDLIII |
Ab urbe condita | 2206 |
Ерменски календар | 902 ԹՎ ՋԲ |
Асирски календар | 6203 |
Балиски календар | 1374–1375 |
Бенгалски календар | 860 |
Берберски календар | 2403 |
Будистички календар | 1997 |
Бурмански календар | 815 |
Византиски календар | 6961–6962 |
Кинески календар | 壬申年 (вод. мајмун) 4149 или 4089 — до — 癸酉年 (вод. петел) 4150 или 4090 |
Коптски календар | 1169–1170 |
Етиопски календар | 1445–1446 |
Еврејски календар | 5213–5214 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1509–1510 |
- Сачка ера | 1374–1375 |
- Кали-југа | 4553–4554 |
Холоценски календар | 11453 |
Игбоански календар | 453–454 |
Ирански календар | 831–832 |
Исламски календар | 856–857 |
Јапонски календар | Кјотоку 2 (享徳2年) |
Јавански календар | 1368–1369 |
Јулијански календар | 1453 MCDLIII |
Корејски календар | 3786 |
Мингуо-календар | 459 пред Р. Кина 民前459年 |
Нанакшахи | −15 |
Тајландски сончев календар | 1995–1996 |
Тибетски календар | 阳水猴年 (машка вода-мајмун) 1579 или 1198 или 426 — до — 阴水鸡年 (женска вода-петел) 1580 или 1199 или 427 |
1453 (MCDLIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1453 година од новата ера, 453. од вториот милениум, 53. од XV век и четвртта од 1450-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6961 и 6962 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6203 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5213 и 5214 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2206.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1453 година се протега во 4089 и 4090, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4149 и 4150 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1996. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 856 и 857 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- април - Тарабија и Студиј се преземени од страна на Отоманското Царство, како крајна подготовка за нападот на Цариград.
- 6 април - 29 мај - Опсада и Пад на Цариград: Отоманскиоѕ султан Мехмед II става крај на постоењето на Византија, царство кое постоело повеќе од 1000 години, освојувајќи ја престолнината Цариград, денешен Истанбул[1].
- 22 мај - Затемнување на Месечината, делумно затемнување, видливо за време на опсадата на Цариград.
- 17 јули - Битка кај Кастилон: Во последната битка на Стогодишната војна, француските сили на чело со Жан Биро ги поразуваат англиските на чело со Џон Талбот, кој и бил убиен во битката.
- 23 јули - Битка кај Гавере во Фландрија: Филип III Добриот, војводата од Бургундија, победува над бунтовниците во Гент, што доведува до предавање на градот и крај на востанието на Гент.
- 10 октомври - Сеџо Чосон го убива својот непријател генерал Ким Јонг-сео.
- 19 октомври - Француските сили го враќаат Бордо, завршувајќи ја Стогодишната војна и оставајќи им го на Англичаните единствено Кале во рамките на денешна Франција.
- 28 октомври - Ладислав V е крунисан за Крал на Бохемија.
- Јохан Гутенберг го измислува печатењето со подвижни букви. Ова е, исто така, важен настан според кој оваа година се смета за крај на средниот век.
Родени
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - Бернардин Франкопан, хрватски благородник, дипломат и војник (п. 1529)
- 6 февруари - Џироламо Бенивиени, фирентски поет (п. 1542)
- 2 март - Јоханес Енгел, германски доктор, астроном и астролог (1512)
- 3 март - Филип II фон Валдек - (п. 1524)
- 25 март - Џулијано де Медичи, ко-владетел на Фиренца со Лоренцо де Медичи (п. 1478)
- 18 април - Маргарет од Бранденбург, (п. 1509)
- 13 мај - Мери Стјуарт, шкотска принцеза (п. 1488)
- 10 јуни - Франческо Содерини, католички кардинал (п. 1524)
- 1 септември - Гонсало Фернандес де Кордоба, шпански генерал и државник (п. 1515)
- 13 октомври - Едвард, син на Хенри VI (п. 1471)
- 13 ноември - Кристоф I фон Баден (п. 1527)
- 17 ноември - Алфонсо, принц од Астурија (п. 1468)
- непозната дата - Јаков Обрехт, фламански композитор (п. 1505)
- веројатно - Афонсо де Албукерке, португалски адмирал (п. 1515)
Починале
[уреди | уреди извор]- 28 февруари - Изабела, Војвотка од Лорен (р. 1400)
- 29 мај
- Константин XI Палеолог - последниот римски (византиски) цар. Легендата вели дека кога Османлиите влегле во Цариград, еден ангел го спасил царот и го сместил во пештера под Златната порта, каде тој ќе чека да биде вратен во живот кога Цариград повторно ќе стане христијански град.
- Атанасиј II Цариградски, Цариградски патријарх
- Димитриос Палаолог Метохит, последен гувернер на Цариград
- 1 јуни - Џовани Густинијани, италијански капетан
- 2 јуни - Алваро де Луна, војвода од Трухиљо
- 3 јуни - Лука Нотарас, последен „megas doux“ на Византија
- 4 јуни - Андроник Палеолог Кантакузин, последен доместик на Византија
- 17 јули
- Дмитриј Шемјака, Голем кнез од Москва
- Џон Талбот, англиски воен водач
- 13 октомври - Јаков I фон Баден (1431-1453) (р. 1407)
- 24 декември - Џон Данстепл, англиски композитор (р. 1390)
Димитар III, поранешен сокрал на Грузија (р. 1413)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What Happened In 1453“. Hisdates. Посетено на 2017-08-08.